Македонија

Државниот врв, на средба со градоначалниците од општините за пописот

Во рамки на тековните активности на Државниот завод за статистика за успешно спроведување на претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите, денеска со почеток од 12:00 часот, во Собранието на Република Македонија, ќе биде организирана работна средба на која се поканети сите градоначалници на општините во државава. 

Средбата има за цел информирање и координација со локалната самоуправа со цел непречено организирање на пописот.

На работниот состанок ќе присуствуваат Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Собрание, Талат Џафери и Претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Се очекува на на состанокот градоначалниците да бидат запознаени за начинот на спроведување на пописот за нивните должности и одговорности. Според Законот, претседатели на пописните комисии во 50 региони ќе бидат секретарите на општините.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago