Македонија
(Во живо)Прес-конференција на ЗПВ Николовски и директорката на Централниот регистар, Бошковска Јанковски и германскиот заменик-амбасадор
Published
3 години agoна
By
Media PressЗаедничка прес-конференција на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заменик-амбасадорот на Сојузна Република Греманија, Г. Ото Граф, директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски и директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, за започнувањето на Националниот регистар на вистински сопственици во Македонија. Со овој закон се врши усогласување на Националниот регистар со Европскиот регистар во борбата против перење на пари.
Поврзани содржини
Александар Николовски кој ќе биде носител во ИЕ 4 за претстојните избори синоќа беше во посета на Радовиш
ОЈО Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски, осомничен за две убиства
МЗШВ: Исплатени рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година
Николовски го сподели документот во кој се наведени пеналите кои ќе ги плаќаат граѓаните доколку не се воведе 60 часовна работна недела
Грозјето ќе се продава по цена повисока за 3 денари во споредба со ланските цени, најави Николовски
Градоначалникот Костадинов на средба со струмичките земјоделци заедно со министерот Николовски
Избори 2024
Носителот во ИЕ 4 од Движење ЗНАМ – За наша Македонија Миле Цеков, јавно им се заблагодарува на граѓаните за поддршката
Published
2 часа agoна
април 26, 2024By
Media PressНосителот во ИЕ 4 од Движење ЗНАМ – За наша Македонија Миле Цеков, се заблагодари на граѓаните кои го дале својот глас за кандидатот за петседател Максим Димитриевски притоа потенцирајќи дека граѓаните испратиле јасна порака.
„Огромна благодарност до сите оние храбри граѓани кои ја дадоа поддршката за Претседателот Maksim Dimitrievski. Се роди новата политичка сила, граѓаните испратија јасна порака, позитивна енергија се шири низ цела Македонија. На граѓаните им е доста од корупција, неправда, сиромаштија, лажни ветувања и криминална власт. Ние од Движењето ЗНАМ јавно ветуваме, РАБОТА, РАБОТА, ЧЕСНОСТ…Во Македонија мора да има среќни богати граѓани, богати земјоделци а не богати политичари, редно време е да се стави ред.. Ви благодариме на вашата поддршка,“ објави Цеков на својот ФБ профил.
Избори 2024
Мицкоски: Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај
Published
14 часа agoна
април 25, 2024By
Media Press-Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај. Имаме противник кој нема да жали средства ниту методи за да си ги задржат фотелјите. Добија жолт картон вчера, на 8 мај треба да добијат црвен. Црвен картон за цела влада. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства. Сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминатите денови. Ова е револуција на народот на Македонија и таа нема да запре. Затоа ве молам, ве молам за поддршка од сите. Повикувам за сеопшто државно обединување на народот и сите сегменти на општеството против оваа влада! Порача лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Избори 2024
Пендаровски: Нема предавање, се уште ништо не е одлучено, конечниот победник ќе се знае на 8 мај
Published
1 ден agoна
април 25, 2024By
Media PressКандидатот за претседател Стево Пендаровски на вечерашната прес-конференција порача дека по првиот круг се уште ништо не е одлучено и дека конечниот победник ќе се знае на 8 мај. Иако, како што кажа, резултатот е далеку од очекуваниот, од утре продолжува со средби со граѓаните, за да го промовира концептот во кој верува, а тоа е напредна, демократска, просперитена и европска Македонија.
„Од утре е нов ден, се разбира дека веќе од утре почнуваме со средби со граѓани кои ги практикувавме и досега. И тргаме практично од нула. Знаете, дека имаше седум кандидати како никогаш досега и веројатно тоа беше една од причините зошто гласовите се поделија на повеќе страни. И веројатно некој од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг земаа дел од она што беше претпоставен електорат на првите два кандидати кои продолжуваат понатаму. Меѓутоа, повторувам, тргнувам од нула, тргнуваме од почеток. Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и мојата задача ќе биде како и во изминативе 20 денови да го промовирам концептот во кој длабоко верувам. Тој концепт на држава која не е изолирана, држава која е интегрирана во Европа и држава која внатре нема поделби по било која основа, е моето животно кредо, мојата политичка филозофија која ја застапувам не само овие 20 дена во кампањата, и не само овие пет години во претседателскиот мандат, туку откако паметам за себе“ порача Пендаровски.
Тој ги охрабри граѓаните, на 8 мај уште помасовно да го поддржат неговиот концепт кој меѓу другото е концепт на обединување, без поделби на граѓаните по ниту една основа.