Connect with us

Македонија

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

Media Press

Published

on

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, ќе биде квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.

Воспоставувањето на Националниот регистар за вистински сопственици ќе даде дополнителен квалитет во однос на транспарентноста на домашниот пазар но, e и алатка во борбата со перење на пари и финансирање на тероризам. Регистарот има за цел евидентирање и обезбедување точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на правните субјекти. Регистарот претставува најсовремено технолошко решение, со бројни логички контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство“, истакна заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешната прес конференција.

Регистарот претставува најсовремено технолошко решение, со бројни контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство и со него во периодот што следува, институциите во државата добиваат уште една квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам. Вицепремиерот Николовски посочи дека целта на регистарот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно  да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја, скриен зад комплексна слоевита правна структура.

„Доколку органите на истрагата и на прогонот немаат можност за јасна идентификација на сторителите на кривични дела, тие остануваат немоќни во процесот на нивното гонење и изведување пред правдата, што придонесува овие криминални шеми дополнително да се продлабочуваат. Токму во овој контекст, една од главните алатки за справување со овој ризик е овозможување на транспарентност на ниво на вистински сопственици на правните лица. Тоа подразбира идентификување на физичките лица кои директно или индиректно остваруваат управувачка или контролна улога во едно правно лице, односно на било каков начин имаат крајно и ефективно влијание во работењето и управувањето на истото“, изјави вицепремиерот Николовски.

Македонија

Денеска регистрирани 721 нови пациенти со Ковид-19

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти од:

Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип – 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци – 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Continue Reading

Македонија

Потпишани мемoрандуми за соработка на МЗШВ, со врвни научни инситуции, за градење на систем за производство и безбедност на храна

Media Press

Published

on

Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Хоџа и претставниците на четири факултети од три универзитети во државава, потпишаа мемoрандуми за соработка.

На настанот на кој присуствуваа ректорите, деканите и професори од неколку универзитети, се одбележа почетокот на соработката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со неколку врвни научни инситуции.

„Едукацијата на земјоделците е една од моите цели, за која јас лично се залагам, знаењето од научните институции да стигне до секој земјоделец во државава. Сите држави со развиен земјоделски сектор, својот развој и го  должат токму на развојот на науката и истражувањето како основна алатка за напредокот и благосостојбата на земјоделците“ изјави министерот Хоџа.

Тој воедно им се заблагодари на сите колеги од министерството кои беа вклучени во процесот на креирање на Програмата за рурален развој за 2021 година, кои дадоа свој придонес во креирањеро на мерката за поддршка на научните истражувања.

Преку Програмата за рурален развој,  обезбеден е буџет од околу 600 000 евра, средства со кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство директно ќе ги поддржи научните институции во проширувањето на нивните активности, во заеднички интерес. При креирањето на оваа мерка МЗШВ се водеше од потребите за градење на одржлив систем за производство и безбедност на храна вклучувајќи ги заложбите за научна поддршка и професионална експертиза.  Крајна цел за превземената иницијатива од страна на МЗШВ, е исполнување на европските стандарди во системите за контрола на квалитетот, здравјето и безбедноста на храната.

Потпишани беа меморандуми за соработка со четири научни институции:

– Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје;

– Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје;

– Факултет за прехранбена технологија и храна – Тетово и

– Технолошко технички факултет – Велес.

Потписниците на меморандумите за соработка ќе добијат финансиска поддршка која ќе биде наменета за: опремување на лаборатории за безбедност на храната, опрема за откривање на присуството на тешки метали во храната, како и демонстративна опрема за студентите од земјоделските науки.

Continue Reading

Македонија

Со зголемувањето на бројот на нови случаи, се зголемува и бројот на казни за неносење маска

Media Press

Published

on

Со зголемувањето на бројот на нови случаи, се зголемува и бројот на казни за неносење заштитна маска.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 636 прекршоци, соопштија денеска од МВР.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Continue Reading