Connect with us

Македонија

Ковид-19 статистика: За 24 часа се направени 2236 тестирања и регистрирани 394 нови случаи

Media Press

Published

on

Министерот за здравство, Венко Филипче на својата официјална фејсбук страница ја објави Ковид-19 статистиката од последните 24 часа. Вкупно се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје 190, Кавадарци 29, Велес 19, Делчево 16, Куманово 14, Охрид 12, Дебар 12, Гостивар 11, Прилеп 7, Штип 7, Битола 7, Берово 7, Демир Капија 7, Кичево 6, Тетово 5, Струмица 5, Гевгелија 5, Свети Николе 4, Неготино 4, Виница 4, Струга 3, Кочани 3, Крива Паланка 3, Радовиш 3, Крушево 3, Ресен 2, Пробиштип 2, Кратово 2, Пехчево 2.

Починати се 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г). Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Регистрирани се 387 оздравени пациенти од:
Скопје 255, Куманово 21, Тетово 15, Струмица 15, Велес 14, Ресен 12, Битола 11, Дебар 8, Гостивар 7, Кавадарци 5, Штип 4, Кичево 3, Демир Хисар 3, Делчево 2, Охрид 2, Гевгелија 2, Свети Николе 2, Кочани 2, Богданци 2, Берово 1, Валандово 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91555, бројката на оздравени пациенти е 80008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726.

Досега во земјата се направени вкупно 448.031 тестирања на Ковид -19.

Македонија

Од денеска започнува функционирањето на платниот промет преку Пошта

Media Press

Published

on

Од денеска 1 март, започнува функционирањето на платниот промет во АД Пошта, преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.

Халкбанк АД Скопје беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта.

Со оглед на широката мрежа на експозитури и тоа во места во кои граѓаните немаа друга можност за вршење на трансакции од платниот промет, од Пошта очекуваат дека претпријатието во многу скоро време ќе се врати на првобитната позиција која ја имаше до пред неколку месеци – каде се одвиваше 25 проценти од вкупниот платен промет во државата, стои во соопштението.

Платниот промет преку Пошта беше прекинат по прогласувањето стечај на Еуростандард банка, која претходно имаше договор за таа намена.

Continue Reading

Македонија

Од вкупно 1208 извршени тестови, 234 резултати се позитивни на Ковид-19

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 99, Прилеп 26, Кавадарци 19, Куманово 17, Струмица 15, Неготино 9, Тетово и Кочани по 7, Гостивар 6, Штип и Велес по 5, Охрид и Гевгелија по 4, Струга 3, Виница 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип по 1.

Починати се 7 лица, по 2 пациенти од Скопје (68г – странец хоспитализиран во Скопје, 86г), 2 пациенти од Крушево (71г,71г), и по еден пациент од Тетово (62г), Прилеп (85г) и Пробиштип (71г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 274 оздравени пациенти од:
Скопје 138, Кавадарци 33 ,Неготино 19, Велес 10, Крива Паланка и Ресен по 8, Штип 7, Куманово 6, Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово по 5, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово по 3, Кочани, Кичево и Пробиштип по 2, Берово и Богданци по 1

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19.

Continue Reading

Македонија

Регулаторна комисија донесе нова одлука – поскапуваат горивата

Media Press

Published

on

На денешната седница на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 ден/кг.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9565,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9867,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)56,00 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)45,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС35,396 (денари/килограм)

Continue Reading