Connect with us

Македонија

Во Втората светска војна над шест милиони мажи, жени и деца биле убиени во логорите на смртта, само затоа што биле Евреи

Media Press

Published

on

Денеска се одбележува Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот, 27 јануари. Како жртви на системска неправда и дискриминација, во Втората светска војна над шест милиони мажи, жени и деца биле убиени во логорите на смртта, само затоа што биле Евреи. Целта на тогашниот нацистички режим била и целосно да го избрише споменот за нивното постоење.

„На Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот, 27 јануари се потсетуваме на страдањата на овие луѓе. Меѓу нив биле и 7.144 македонски Евреи. Истовремено, на овој ден благодарни сме и за преживеаните коишто обновија бројни еврејски заедници, вклучително и во Северна Македонија.Сите ние сме луѓе со вродено и неотуѓиво човечко достоинство. Да ставиме крај на антисемитизмот. Да ги почитуваме сите подеднакво. Да бидеме солидарни кон ранливите и обесправените“, вели претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Од денеска започнува функционирањето на платниот промет преку Пошта

Media Press

Published

on

Од денеска 1 март, започнува функционирањето на платниот промет во АД Пошта, преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.

Халкбанк АД Скопје беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта.

Со оглед на широката мрежа на експозитури и тоа во места во кои граѓаните немаа друга можност за вршење на трансакции од платниот промет, од Пошта очекуваат дека претпријатието во многу скоро време ќе се врати на првобитната позиција која ја имаше до пред неколку месеци – каде се одвиваше 25 проценти од вкупниот платен промет во државата, стои во соопштението.

Платниот промет преку Пошта беше прекинат по прогласувањето стечај на Еуростандард банка, која претходно имаше договор за таа намена.

Continue Reading

Македонија

Од вкупно 1208 извршени тестови, 234 резултати се позитивни на Ковид-19

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 99, Прилеп 26, Кавадарци 19, Куманово 17, Струмица 15, Неготино 9, Тетово и Кочани по 7, Гостивар 6, Штип и Велес по 5, Охрид и Гевгелија по 4, Струга 3, Виница 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип по 1.

Починати се 7 лица, по 2 пациенти од Скопје (68г – странец хоспитализиран во Скопје, 86г), 2 пациенти од Крушево (71г,71г), и по еден пациент од Тетово (62г), Прилеп (85г) и Пробиштип (71г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 274 оздравени пациенти од:
Скопје 138, Кавадарци 33 ,Неготино 19, Велес 10, Крива Паланка и Ресен по 8, Штип 7, Куманово 6, Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово по 5, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово по 3, Кочани, Кичево и Пробиштип по 2, Берово и Богданци по 1

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19.

Continue Reading

Македонија

Регулаторна комисија донесе нова одлука – поскапуваат горивата

Media Press

Published

on

На денешната седница на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 ден/кг.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9565,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9867,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)56,00 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)45,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС35,396 (денари/килограм)

Continue Reading