Македонија

Потпишана е спогодба за воспоставување на национална аеродромска меѓуагенциска група

„Со надградбата на Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC) во Скопје, од Проектна во Програмска Канцеларија, практично се отвори патот наместо фокусирање на еднократни проекти, да се концентрираме на организирање, изготвување, реализирање и координирање на портфолио на долгорочни проекти, програмирани согласно нашите заеднички интереси и потреби“. – истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на потшишувањето на Писмото за спогодба помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC) околу реализацијата на заеднички проекти на двете институции за подигање капацитетите и ефикасноста на граничната контрола и безбедност.

“Пред нас претстои период на интензивна соработка во правец на формирање на аеродромска меѓу-агенциска група составена од единица за контрола на воздушни карго-пратки и заедничка аеродромска единица за пресретнување на Меѓународниот аеродром Скопје, како и создавање на неопходна инфраструктура за аеродромската група: определување на службеници на институциите на спроведувањето на законот со надлежност на границите кои ќе бидат дел од таа единица и уште многу други активности во насока на осигурување ефективно и ефикасно функционирање на оваа мулти-агенциска единица“, истакна министерот Спасовски.

Според заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, станува збор за глобален проект – “бидејќи во овој проект досега се вмрежени 34 аеродроми, не само во регионот туку и на останатите континенти. Проектите давaат успешни резултати секаде во светот, очекувам и кај нас да има ефикасна реализација, со брзо видливи резултати“, истакна Николовски.Покрај ова заменик на претседателот на Владата , Николовски нагласи дека – “борбата против корупцијата и криминалиот е вториот врвен приориетет во владината рамка „Акција 21- европски стандарди дома“. Преку  конкретни мерки и политики, ќе се фокусираме на спречување на корупцијата и криминалот, во секоја сфера од општеството, вклучително и на мерки за сузбивање на меѓународниот криминал и тероризам. Затоа во целиот процес, ни е важна секоја помош и поддршка, не само  домашна, туку и странска експертиза“.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago