Connect with us

Македонија

Дизелот поевтинува за половина денар, цената на бензините останува иста

Media Press

Published

on

Регулаторната Комисија за енергетика донесе нова одлука за намалување на малопродажната цена на Дизел горивото за 0,50 денари по литар додека пак цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 денари за килограм. Малопродажните цени на бензините и екстра лесното гориво остануваат непроменети.

Малопродажната цена на бензините останува иста, односно ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 денар за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 денари за литар и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) изнесува 41,50 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 денари за литар и од вечерва ќе се продава по 52,00 денари за литар додека цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 денари за килограм и ќе се продава по 31,268 денари за килограм .

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9565,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9867,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)56,00 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)45,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС35,396 (денари/килограм)

Македонија

Денеска регистрирани 721 нови пациенти со Ковид-19

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти од:

Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип – 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци – 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Continue Reading

Македонија

Потпишани мемoрандуми за соработка на МЗШВ, со врвни научни инситуции, за градење на систем за производство и безбедност на храна

Media Press

Published

on

Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Хоџа и претставниците на четири факултети од три универзитети во државава, потпишаа мемoрандуми за соработка.

На настанот на кој присуствуваа ректорите, деканите и професори од неколку универзитети, се одбележа почетокот на соработката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со неколку врвни научни инситуции.

„Едукацијата на земјоделците е една од моите цели, за која јас лично се залагам, знаењето од научните институции да стигне до секој земјоделец во државава. Сите држави со развиен земјоделски сектор, својот развој и го  должат токму на развојот на науката и истражувањето како основна алатка за напредокот и благосостојбата на земјоделците“ изјави министерот Хоџа.

Тој воедно им се заблагодари на сите колеги од министерството кои беа вклучени во процесот на креирање на Програмата за рурален развој за 2021 година, кои дадоа свој придонес во креирањеро на мерката за поддршка на научните истражувања.

Преку Програмата за рурален развој,  обезбеден е буџет од околу 600 000 евра, средства со кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство директно ќе ги поддржи научните институции во проширувањето на нивните активности, во заеднички интерес. При креирањето на оваа мерка МЗШВ се водеше од потребите за градење на одржлив систем за производство и безбедност на храна вклучувајќи ги заложбите за научна поддршка и професионална експертиза.  Крајна цел за превземената иницијатива од страна на МЗШВ, е исполнување на европските стандарди во системите за контрола на квалитетот, здравјето и безбедноста на храната.

Потпишани беа меморандуми за соработка со четири научни институции:

– Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје;

– Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје;

– Факултет за прехранбена технологија и храна – Тетово и

– Технолошко технички факултет – Велес.

Потписниците на меморандумите за соработка ќе добијат финансиска поддршка која ќе биде наменета за: опремување на лаборатории за безбедност на храната, опрема за откривање на присуството на тешки метали во храната, како и демонстративна опрема за студентите од земјоделските науки.

Continue Reading

Македонија

Со зголемувањето на бројот на нови случаи, се зголемува и бројот на казни за неносење маска

Media Press

Published

on

Со зголемувањето на бројот на нови случаи, се зголемува и бројот на казни за неносење заштитна маска.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 636 прекршоци, соопштија денеска од МВР.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Continue Reading