Реализација на неколку капитални проекти ќе ја обележат 2020, за Општина Радовиш
Реализација на неколку капитални прокети ја обележаa 2020 година, за Општина Радовиш. Главен проект за општината и за градоначалникот Герасим Конзулов секако е изградбата на нов резервоар за вода, капитален проект со прекугранична соработка со Бугарија, во вредност од 53.306.000 денар, со кој се реши едно клучно прашање, проблемот со водоснабдувањето во високите зони на градот.
Во оваа година ќе остане забележано и реконструкцијата на регионалниот пат
од Радовиш кон планината Плачковица во должина од 7 километри со средства
обезбедени од Министерството за транспорт и врски во вредност од 35 милиони
денари.
Според градоначалникот Конзулов после
40 години за прв пат се реконструира овој пат, со што се подобрија условите за
движење на возилата. Исто така беше изграден и патот од Бел камен до месноста Добра, во должина од три километри.
Изградба на коритото на река Сушица
од 2,2 километри е еден од проектите кој
започна да се реализира во 2020 гоинна. Река Сушица само во последните десетина
години се има излеано трипати и претставува потенцијална опасност за поплави. Наскоро
речното корито ќе добие сосема нов изглед со кеј и улица покрај раката.
Проектот за енергетска ефикасност
на ООУ Орце Николов од Ињево исто така е еден од капиталните проекти со кој беше
извршена реконструкција на училиштето по европски стандарди. Средствата во
износ од околу 288 илјади евра беа обезбедени од ИПА фондовите на ЕУ за
прекугранична соработка.
Во 2020 се реализира и проектот
за енергетски ефикасно улично осветлување, преку кој се заменети сите стари, со нови лед, еколошки
сијалици. Станува збор за инвестиција во вредност 1,6 милиони евра поддржана од
Европската Банка за обнова и развој преку ЕСКО модел на јавно приватно
партнерство. Општина Радовуш средствата ќе ги враќа исклучево преку заштеда на
енергија, а опремата останува на трајно користење.
Општина Радовиш во 2020, набави камион
кипер за потребите на ЈП Плаваја за справување со отпадот и за други потреби, со
што го збогати возниот парк, со средства од Светска банка и од општинскиот
буџет.
Во 2020 беше извршена и реконструкција на втората коловозна лента на Булеварот Александар Македонски во Радовиш, изградени беа и неколку улици во градот и во населени места со што се подбрени ивфраструктурните услови на граѓаните.