Повеќе од еден месец бележиме стабилизација на епидемијата во земјата, велат од Министерството за здравство.
Согласно извештаите на ИЈЗ бележиме тренд на зголемување на бројката на оздравени пациенти, како и намалување на новорегистрираните случаи и починати. Во споредба со месец декември, бројот на активни случаи е намален за 46%. За 51% е намален и бројот на хоспитализирани пациенти низ здравствените установи ширум држава.
Во месец декември бројот на
новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во една недела изнесувал 4.585, а во
извештајот на ИЈЗ за минатата недела таа бројка изнесува 2.397, што покажува
намалување од 48%. За истиот период бројот на смртни случаи на неделно ниво е
речиси преполовен, а значително е зголемен бројот на оздравени пациенти.
Според вчерашната дневна
статистика бројот на активни случаи изнесува 11.924. Споредено со истиот датум
во декември кога бројката е 21.979, бројот на активни случаи е намален за 46%.
Од МЗ наведуваат дека еден од
клучните индикатори е и бројот на хоспитализации на инфективните оддели во
главниот град и болниците низ земјата. Вчера биле хоспитализирани 598 пациенти,
што е речиси двојно помалку од хоспитализираните на истиот датум во декември,
односно 51%.
Да останеме одговорни, да продолжиме целосно да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19 и превенција од понатамошно ширење на вирусот.