Економија
МТСП: Пензионерите со јануарската пензија добиваат зголемени пензии за усогласување со пораст на трошоците за живот

Published
1 month agoon
By
Media Press
„Пензионерите со јануарската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот кои во второто полугодие од 2020 година во однос на првото полугодие истата годинa изнесуваат 1,2%. Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 185 денари на ниво на просечна пензија и 134 денари на ниво на најниска пензија.“ – Се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика
Од таму дополнуваат дека редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година. Критериумот за зголемување на пензијата е порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата.
Почнувајќи од 2019 година покрај редовното усогласување се предвидува и дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%. Покрај овие два начини на усогласување од 2020 година врз основа на одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија може да се изврши уште едно дополнително усогласување во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15% и пораст на просечна плата во претходната година за повеќе од 5%.
Поврзани содржини
На околу 6000 пензионери не им се оди во пензија иако наполниле 64 или 62 години
МТСП: Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита
ВМРО: Владата на СДСМ не запира со манипулација на пензионерите
Започнува исплата на правата од социјална и детска заштита
Шахпаска: Буџетот за 2021 година е насочен кон грижата за најмладите, намалување на невработеноста и сиромаштијата
Се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати за половина денар
Економија
УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Published
3 days agoon
February 26, 2021By
Media Press
Управата за јавни приходи известува дека во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.
На 14 451 земјоделци ќе им се исплати 87.036.280 денари. Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациони единици на Управата за јавни приходи.
„Право на поврат на данок на личен доход остваруваат физичките лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1 000 000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и други податоци со кои што располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, немаат остварено доход по друг основ кој е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход и кои не се ДДВ обврзници.“ – стои во соопштението на Управата за јавни приходи
Економија
УЈП: Работодавачите ќе враќаат до 50 проценти од субвенциите за придонеси за месеците април, мај и јуни

Published
3 days agoon
February 26, 2021By
Media Press
Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.
За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех за 2020 година.
За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, се поднесува Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ кој е објавен и на системот е-Даноци.
Економија
Годишни сметки во хартиена форма за 2020 ќе се доставуваат и во сабота и понеделник

Published
5 days agoon
February 24, 2021By
Media Press
Централен регистар преку соопштение ги известува сите обврзници за поднесување на годишни сметки во хартиена форма дека ќе се врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година и во деновите:
- 27.02.2021 година (сабота) од 08:00 – 16:00 часот
- 01.03.2021 година (понеделник) од 08:00 – 20:00 часот.
Исто така во понеделник од 08:00 – 16:00 часот ќе се доставуват годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година во хартиена форма за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:
- Кратово – во објектот на Општина Кратово
- Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар
- Крушево – во објектот на Уни банка

Од денеска започнува функционирањето на платниот промет преку Пошта

Започна уредувањето на тротоарите на улица Плачковица во Радовиш

Од вкупно 1208 извршени тестови, 234 резултати се позитивни на Ковид-19

Регулаторна комисија донесе нова одлука – поскапуваат горивата
