Connect with us

Македонија

Третирани 661 пациент со конвалесцентна плазма

Media Press

Published

on

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со КОВИД-19, од вкупно 729 донори.

Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.

„Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале КОВИД-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со КОВИД-19.“ – апелираат од Институтот за трансфузиона медицина

Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од КОВИД-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.

Македонија

Од денеска започнува функционирањето на платниот промет преку Пошта

Media Press

Published

on

Од денеска 1 март, започнува функционирањето на платниот промет во АД Пошта, преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.

Халкбанк АД Скопје беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта.

Со оглед на широката мрежа на експозитури и тоа во места во кои граѓаните немаа друга можност за вршење на трансакции од платниот промет, од Пошта очекуваат дека претпријатието во многу скоро време ќе се врати на првобитната позиција која ја имаше до пред неколку месеци – каде се одвиваше 25 проценти од вкупниот платен промет во државата, стои во соопштението.

Платниот промет преку Пошта беше прекинат по прогласувањето стечај на Еуростандард банка, која претходно имаше договор за таа намена.

Continue Reading

Македонија

Од вкупно 1208 извршени тестови, 234 резултати се позитивни на Ковид-19

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 99, Прилеп 26, Кавадарци 19, Куманово 17, Струмица 15, Неготино 9, Тетово и Кочани по 7, Гостивар 6, Штип и Велес по 5, Охрид и Гевгелија по 4, Струга 3, Виница 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип по 1.

Починати се 7 лица, по 2 пациенти од Скопје (68г – странец хоспитализиран во Скопје, 86г), 2 пациенти од Крушево (71г,71г), и по еден пациент од Тетово (62г), Прилеп (85г) и Пробиштип (71г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 274 оздравени пациенти од:
Скопје 138, Кавадарци 33 ,Неготино 19, Велес 10, Крива Паланка и Ресен по 8, Штип 7, Куманово 6, Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово по 5, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово по 3, Кочани, Кичево и Пробиштип по 2, Берово и Богданци по 1

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19.

Continue Reading

Македонија

Регулаторна комисија донесе нова одлука – поскапуваат горивата

Media Press

Published

on

На денешната седница на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 ден/кг.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9565,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9867,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)56,00 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)45,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС35,396 (денари/килограм)

Continue Reading