Connect with us

Економија

Бектеши: Продолжуваме со мерки за поддршка на индустријата, занаетчиството, туризмот и енергетска ефикасност кај домаќинствата

Media Press

Published

on

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата информираше за Програмите кои што ќе ги реализира Министерството за економија во 2021 година, а кои што беа донесени на последната седница на Владата.

Во рамки на Министерството за економија следната година ќе се реализираат неколку програми за поддршка на индустријата, иновативноста, занаетчиството, туризмот и поттикнувањето на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност.

За реализација на мерките предвидени во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) обезбеди 68.800.000 денари.

  • Овие средства се наменети за:50.000.000 денари за мерки за Поддршка на развојот на развој на микро, мали и средни претпријатија,
  • 13.000.000 денари за имплементација на мерки од Индустриската стратегија,
  • 4.800.000 денари наменети за мерки за поддршка и развој на Кластерското здружување во Република Северна Македонија и
  • 1.000.000 за мерки за Инвестиции и општествена одговорност, како и субвенции за приватни претпријатија.

За реализација на Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата се предвидени вкупно 52.000.000 денари:

  • 8.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања;
  • 22.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за категоријата на лица со ниски примања;
  • 14.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања;
  • 8.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство.

За програмата за развој на туризмот во Северна Македонија во 2021 година се предвидени 31.000.000 денари.

  • За дигитален маркетинг за туристичкиот потенцијал на социјални медиуми 11.500.000 денари;
  • Субвенции за опрема и алатки за подобрување на Активен туризам 3.500.000 денари;
  • Субвенции за туристички цели на селски домаќинства 5.000.000 денари;
  • Промоција на еколошки зони (еко-туризам) изготвување на Студија за еко-туризам и план за промоција на потенцијалите за развој на еко-туризмот 1.500.000 денари;
  • Кампања за безбедно патување – одбележување на туристички центри со сертификати за безбеден туризам, промотивен материјал безбедно патување и медиумска кампања за туристите 1.000.000 денари;
  • Надградба на мобилна апликација „Visit Macedonia” за туристичките потенцијали на земјата, како и можноста за резервација на: хотел, ресторан, културен настан, како и проверка на понудите за посета на одредени места во самиот регион 500.000 денари;
  • Субвенции за дигитализација на туристичко/угостителскиот сектор кои ќе придонесат за дигитализација на туристичката понуда и подобрување на дигиталната промоција на туристичко/угостителскиот сектор во Република Северна Македонија 4.500.000 денари.

Економија

Од денес се исплаќаат средствата за социјална, детска и цивилна заштита

Media Press

Published

on

Од денеска започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец февруари 2021 година соопштува Министерството за труд и социјална политика.

Сите корисници на парични средства што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подиграт готовина од банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронското и мобилното банкарство од денес.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

  • 04.03.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ  
  • 05.03.2021  (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Continue Reading

Економија

Издадена осмата еврообврзница со каматна стапка од 1,625%

Media Press

Published

on

Издадена осмата по ред еврообврзница од страна на Министерството за финансии. Оваа еврообврзницата е во вредност од 700 милиони евра со рок од 7 години и има најниска каматна стапка од 1,625%.

Истата ќе се искористи за рефинансирање на третата еврообврзница од 2014 година во вредност од 500 милиони евра. Нето-повлекувањето по основ на оваа еврообврзница е 200 милиони евра.

„Како што беше наведено и при донесувањето на Буџетот за 2021 година, со средствата обезбедени од емисијата на оваа еврообврзница ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит. Еврообврзницата од 2014 година е во износ од 500 милиони евра и беше издадена по каматна стапка од 3,975%, што значи дека сега каматата е за 2,35 процентни поени пониска.“ – стои во соопштението на министерството за економија

Македонија претходно има седум пати излезено на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзници: во 2005 година со камата од 4,625%, во 2009 со камата од 9,875%, во 2014 со камата од 3,975%, во 2015 со камата од 4,875%, во 2015 година со камата од 5,625%, во 2018 година со камата 2,75% и 2020 со камата од 3,675%.“Издадена осмата еврообврзница по историски најниска каматна стапка од 1,625%

Continue Reading

Економија

УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи известува дека во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.

На 14 451 земјоделци ќе им се исплати 87.036.280 денари. Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациони единици на Управата за јавни приходи.

„Право на поврат на данок на личен доход остваруваат физичките лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1 000 000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и други податоци со кои што располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, немаат остварено доход по друг основ кој е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход и кои не се ДДВ обврзници.“ – стои во соопштението на Управата за јавни приходи

Continue Reading