Connect with us

Економија

Средба на министерот Бесими со италијанскиот амбасадор Силвестри: Економската состојба стабилна и покрај ковид-кризатa

Media Press

Published

on

Странските директни инвестиции од Италија во земјава изнесуваат 107 милиони евра, но соработката има потенцијал да се продлабочи. Земјата добро се справува со ковид-кризата, додека преку четирите пакети на антикризни мерки се дала поддршка на стопанството и на граѓаните за надминување на кризата, беше констатирано на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и новиот амбасадор на Италија во земјава Андреа Силвестри.

Со четирите пакети антикризни мерки се таргетираа компаниите и граѓаните погодени од ковид-кризата, како и во насока на заштита на здравјето на населението. Вкупниот износ на сите обезбедени пакети изнесува околу една милјарда евра, или приближно 10% од нашиот БДП.

За годинава, беше посочено, нашата економија ќе се врати на патеката на економскиот раст, додека следната година ќе го достигне преткризното ниво. Годинава се очекува закрепнување на инвестициската активност, потрошувачката и нето-странската побарувачка, при што е проектиран раст од 4,1% во 2021 година, согласно основното сценарио.

Со редизајнирање на буџетската политика и политиките насочени кон економско заздравување и забрзан раст-SmartER Growth Policies се поставува цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, враќање на економијата на преткризната патека на раст во втората половина на 2022 година и обезбедување на побрз економски раст на среден и долг рок, беше посочено на средбата од министерот.

На средбата, од двете страни беше изразена надеж за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

Економија

УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи известува дека во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.

На 14 451 земјоделци ќе им се исплати 87.036.280 денари. Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациони единици на Управата за јавни приходи.

„Право на поврат на данок на личен доход остваруваат физичките лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1 000 000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и други податоци со кои што располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, немаат остварено доход по друг основ кој е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход и кои не се ДДВ обврзници.“ – стои во соопштението на Управата за јавни приходи

Continue Reading

Економија

УЈП: Работодавачите ќе враќаат до 50 проценти од субвенциите за придонеси за месеците април, мај и јуни

Media Press

Published

on

Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.

За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех за 2020 година.

За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, се поднесува Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ кој е објавен и на системот е-Даноци.

Continue Reading

Економија

Годишни сметки во хартиена форма за 2020 ќе се доставуваат и во сабота и понеделник

Media Press

Published

on

Централен регистар преку соопштение ги известува сите обврзници за поднесување на годишни сметки во хартиена форма дека ќе се врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година и во деновите:

  • 27.02.2021 година (сабота) од 08:00 – 16:00 часот 
  • 01.03.2021 година (понеделник) од 08:00 – 20:00 часот.

Исто така во понеделник од 08:00 – 16:00 часот ќе се доставуват годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година во хартиена форма за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:

  • Кратово – во објектот на Општина Кратово
  • Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар
  • Крушево – во објектот на Уни банка

Continue Reading