Економија
Економско социјалниот совет на денешената седница го усвои Оперативниот план за вработување за 2021 година

Published
2 months agoon
By
Media Press
На денешната седница на Економско-социјалниот совет со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, се дискутираше по неколку точки од кои најзначајно место зема новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година.
Министерката Шахпаска истакна дека министерството во чиј фокус се ранливите категории на невработени лица, продолжува со креирање на политики и мерки со цел помош и поддршка за нивна успешна активација на пазарот на трудот.
Со Оперативниот план за вработување за 2021 година во континуитет продолжува стремежот за што поголем опфат на невработени лица со мерките за вработување како и креирање на ад-хок мерки согласно новонастаната состојба на пазарот на трудот во Република Северна Македонија предизвикана од пандемијата од КОВИД 19. Притоа, посебен акцент беше ставен на директната интервенција на пазарот на трудот и повторно вклучување на лицата кои ги изгубиле своите работни места како резултат на пандемијата.
Оперативниот план за 2021 година ги задоволува потребите на општеството и со истиот се согласија социјалните партнери кои присуствуваа на денешната седница на Економско социјалниот совет.
Со оглед на успешната реализација на Оперативниот план за 2020 година и новонастаната состојба предизвикана од пандемијата, оваа година трансферот на средства за програми за вработување од Буџетот на МТСП во 2021 година во однос на 2020 година е зголемен за повеќе од четири пати .
На денешната седница се разгледа и се усвои Програмата за работа на Економско социјалниот совет, а до социјалните партнери беше побарано нивно активно вклучување во креирањето на мерки за петиот пакет економска помош од државата.
Поврзани содржини
Вкупно 446 нови вработувања во здравствените установи низ државата
Објавени се новите огласи на Агенцијата за вработување за започнување сопствен бизнис
Шахпаска: Започна со имплементација на проектот Гаранција за млади
Колку паушал земаат општинските советници
Советот на Општина Радовиш конечно го усвои Предлог – Буџетот за 2021 година на денешната седница
Советот на Општина Радовиш не го усвои Буџетот за 2021 година и на последната седница, дали институциите ќе останат блокирани
Економија
УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Published
3 days agoon
February 26, 2021By
Media Press
Управата за јавни приходи известува дека во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.
На 14 451 земјоделци ќе им се исплати 87.036.280 денари. Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациони единици на Управата за јавни приходи.
„Право на поврат на данок на личен доход остваруваат физичките лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1 000 000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и други податоци со кои што располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, немаат остварено доход по друг основ кој е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход и кои не се ДДВ обврзници.“ – стои во соопштението на Управата за јавни приходи
Економија
УЈП: Работодавачите ќе враќаат до 50 проценти од субвенциите за придонеси за месеците април, мај и јуни

Published
3 days agoon
February 26, 2021By
Media Press
Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.
За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех за 2020 година.
За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, се поднесува Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ кој е објавен и на системот е-Даноци.
Економија
Годишни сметки во хартиена форма за 2020 ќе се доставуваат и во сабота и понеделник

Published
5 days agoon
February 24, 2021By
Media Press
Централен регистар преку соопштение ги известува сите обврзници за поднесување на годишни сметки во хартиена форма дека ќе се врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година и во деновите:
- 27.02.2021 година (сабота) од 08:00 – 16:00 часот
- 01.03.2021 година (понеделник) од 08:00 – 20:00 часот.
Исто така во понеделник од 08:00 – 16:00 часот ќе се доставуват годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година во хартиена форма за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:
- Кратово – во објектот на Општина Кратово
- Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар
- Крушево – во објектот на Уни банка

Од денеска започнува функционирањето на платниот промет преку Пошта

Започна уредувањето на тротоарите на улица Плачковица во Радовиш

Од вкупно 1208 извршени тестови, 234 резултати се позитивни на Ковид-19

Регулаторна комисија донесе нова одлука – поскапуваат горивата
