Connect with us

Струмица

Струмица доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста, Уметничка галерија под градскиот плоштад

Media Press

Published

on

Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“ во Струмица.

Пренамената се изврши на просторот под градскиот плоштад, изграден како дел од градската скривница, кој порано се користеше за регистрација на бракови, а потоа имаше и други намени. Со тоа градот доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста и културата.

Вкупната корисна површина на пренаменетиот простор изнесува 319 метри квадратни, а има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење, санитарни јазли, а ќе биде и место и каде што ќе може да се организираат приеми, промоции и слични настани.

Вкупната вредност на проектот е 7.436.138 денари, средства обезбедени од општина Струмица и Министерството за култура.

Паралелно со овој проект се реализира и изградбата на настрешница на влезот во Уметничката галерија, која се очекува да заврши во текот на месец март оваа година кога и официјално галеријата ќе биде пуштена во работа.

Струмица

Санкционирани 137 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената

Media Press

Published

on

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирла 137 возачи во регионот, кои возеле со брзина над дозволената, информира СВР Струмица.

„На 19.01.2021 година во времето од 09.00 до 16.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 171 прекршок, од кои 137 по акциската контрола и 34 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани“, стои во соопштението од СВР Струмица.

Continue Reading

Струмица

Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, се подобруват условите во училиштата во Струмица

Media Press

Published

on

Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, преку компонентата за реновирање на училиштата, во ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, во тек се градежни активности за промена на подовите во училниците, со поставување на нов ПВЦ под.

Целта на овој проект е да се подобри меѓуетничката интеграција преку позитивни интеракции помеѓу етнички мешана младина на ниво на училиштата и на ниво на заедницата и подобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите. Имплементатор на овој проект е Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) од Скопје, а како партнери се вклучени МОН, општините и училиштата во Република Македонија. Како стимул за училиштата да учествуваат во проектни активности за подобрување на меѓуетничката кохезија и развивање на демократските и граѓанските вредности помеѓу младите, проектот реновира училишта и ги подобрува условите за учење.

Со реновирањето е опфатен и објектот на подрачното основно училиште во населеното место Градско Балдовци, каде меѓу другото, за загревање на училниците, се поставени печки на пелети, со што се допринесува и за заштита од загадување на животната средина.

Општина Струмица, како долгогодишен партнер и учесник во проектите на УСАИД и МЦГО-Скопје, учествува со свои финансиски средства во износ од околу 300.000 денари, но и со секаква друга поддршка за успешна имплементација на проектните активности и подобрување на условите за учење и изведување на редовната воспитно-образовна работа во училиштето.

Continue Reading

Струмица

Формирано Здружение „Обнова Глобал“ за санација на опожарениот Глобал во Струмица

Media Press

Published

on

За санација и обнова на Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е формирано Здружение „Обнова Глобал“ кое ќе се обрати до сите општински и државни институции и до стопанските комори за да донираат средства на отворената солидарна сметка, информираше денеска Илија Митревски од ова Здружение.

,, Пожарот за неколку часа уништи стотици деловни простории, дуќани и тезги како и нивните основни и обртни средства. Штетите се во милиони евра. Здружението Обнова Глобал е формирано со цел обнова и санација на Глобал. Како формално правен субјект ќе се обрати официјално до сите релевантни општински и републички институции, до владата, а преку сите стопански комори и до приватниот сектор , да донираат на веќе формираната наменска сметка за обнова и санација на трговскиот центар Глобал,“ рече Илија Митревски од Здружението обнова Глобал.

Тој додаде дека собраните средства на најтранспарентен начин ќе се распределат за обнова на трговскиот центар, но и на сопствениците на продавници и тезги според проценката на штетата на стоката.

Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 овој месец, опожарен е голем дел од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а урнат е и дел од покривот.

Continue Reading