Connect with us

Спорт

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ги одмерува силите со Египет

Media Press

Published

on

Како последица на повеќе позитивни резултати од задолжителниот тест за Ковид-19 пред поаѓањето за Египет, Репрезентацијата на Чешка официјално го повлече учеството во 27 Ракометно Светско Првенство кое ќе се оддржува од 13 до 31 Јануари 2021 во Египет.

Водејќи се по новите Ковид-19 правила за Ракометно Светско Првенство 2021, по откажувањето на репрезентацијата на Чешка, Македонија е поканета да учествува.

Македонија се најде во групата со Шведска, Египет и Чиле.

Денеска во 21:30ч Репрезентацијата на Македонија ќе игра против Шведска, два дена подоцна се среќава со домакинот Египет и на 18 Јануари ќе ги измери силите со Репрезентацијата на Чиле.

Спорт

Македонија со пораз во првиот меч на Ракометното Светско Првенство

Media Press

Published

on

Ракометната репрезентација на Македонија претрпе голем пораз од Шведска со резултат 20:32 на првиот натпревар од почетокот на Светското првенство во Египет, во последен момент по откажувањето на Чешка влезе во самото првенство.

На врвот на листата со најмногу погодоци за нашата репрезентација се пласираше Лазаров од неговата бековска позиција со постигнати пет голови.

Како дополнување на Лазаров, по два голови постигнаа Стоилов, Костески, Танкоски, Поповски и Пешевски и само по еден гол за репрезентацијата постигнаа Георгиевски, Кузмановски, Маркоски, Кузманоски и Велковски.

Во противничкиот табор доминираа Хампус Ване со 11 погодоци и Персон со шест погодоци во мрежата на Томовски.

Следен натпревар за нашата репрезентација е утрешниот дуел со Египет, меч закажан со почеток во 18 часот.

Continue Reading

Спорт

Закажани термините за Европското првенство во фудбал

Media Press

Published

on

Новиот распоред за Европското првенство во фудбал е потврдено заедно со 12 градови во кои ќе се играат натпреварите.

Според грепките одредени се и групите во кои ќе се натпреваруваат репрезентациите:

Група А: Турција, Италија, Велс и Швајцарија
Група Б: Данска, Финска, Белгија и Русија
Група Ц: Холандија, Украина, Австрија и Македонија
Група Д: Англија, Хрватска, Шкотска и Чешка
Група Е: Шпанија, Шведска, Полска и Словачка
Група Ф: Унгарија, Портуалија, Франција и Германија

Нашата репрезентација ќе одигрува натпревари во групата Ц на 13, 17 и 21 Јуни.
Натпреварот против Аустрија ќе се одигрува во Букурешт на 13 Јуни во 18:00 часот
Натпреварот против Украина ќе се одигрува во Букурешт на 17 Јуни во 15:00 часот и
Натпреварот против Холандија ќе се одигрува во Амстердам на 21 Јуни во 18:00 часот

Continue Reading

Спорт

Претседателот на Србија, Вучиќ, го честиташе пласманот на македонската фудбалска репрезентација на Европско Првенство

Media Press

Published

on

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на македонските репрезентативци им честиташе голема победа над Грузија со резултат 1:0. Со оваа победа Македонија за првпат ќе се натпреварува во Европското првенство во фудбал.

„Им честитам на сите граѓани на Северна Македонија за историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, со сето срце ќе бидеме со вас“ – напиша претседателот Вучиќ на фејсбук

Заедно со пораката, Вучиќ на фејсбук и инстаграм постави заедничка слика од знамињата на Македонија и Србија

Continue Reading