Свет
Потребна е поголема заштита и подобри услови за луѓето што работат од дома

Published
3 days agoon
By
Media Press
Многукратното зголемување на бројот на работниците кои работат од дома како последица од пандемијата од Ковид-19 ги потенцираше лошите работни услови и недоволната заштита. Според податоците на Меѓународната организација на трудот, пред почетокот на кризата од дома работеле околу 260 милиони луѓе.
Меѓународната организација на трудот во извештајот потенцира дека е потребна подобра заштита за оние кои работат од дома. Во извештајот пишува дека честопати е „невидлива“ работата од дома затоа што овој принцип на работа се случува во приватниот сектор. Како пример се земаат земјите со низок и среден приход, во кои работниците што работат од дома работат неформално.
Лугето што работат од дома дополнително се соочуваат со поголеми безбедносни и здравствени ризици, имаат помал пристап до обука отколку работниците кои работат надвор од дома, што може да има огромно влијание на нивните за успеси во кариерата.
Работењето од дома во многу случаи не е доволно регулирано, а усогласеноста со постојните закони и понатаму претставува предизвик. Дополнително на тоа, голем број случаи, работниците од дома се класифицираат како независни изведувачи и следствено се исклучени од опфатот на трудовото законодавство.
„Само 10 земји членки на Меѓународната организација на трудот ја имаат ратификувано Конвенцијата бр. 177, која промовира еднаквост на третманот помеѓу домашните и другите платари, а малкумина имаат сеопфатна политика за домашните задачи. ” вели Џанин Берг, виша економистка на МОТ и една од авторите на извештајот.
Поврзани содржини
Бектеши: Поддршката на стопанството за надминување на штетите од пандемијата е наш приоритет
Изминатиот викенд во Радовиш има 11 нови случаи на Ковид-19, во регионот 104 нови пациенти
Што покажуваат научните студии, колку маската штити од корона вирус
СДСМ: 5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички
Исплата на правата од социјална и детска заштита
НБРМ: Граѓаните треба да бидат спокојни – банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен.
Свет
Од денеска е дозволен влез во Црна Гора без потреба од ПЦР тест

Published
5 days agoon
January 12, 2021By
Media Press
Министерка Боровиниќ-Бојовиќ на денешната прес-конференцијата изјави дека благодарејќи на однесувањето на граѓаните со тоа што ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19 вирусот, епидемиолошката состојба во Црна Гора е подобра денес и дека во овој момент 57,3% од болничкиот капацитет е исполнет со ковид-пациенти, а дека тој процент порано бил 67 отсто.
Дополнително на тоа, Министерството за здравство на Црна Гора донесе одлука да се дозволи влез во Црна Гора од денес без задолжително тестирање на коронавирус.
Точниот датум кога ќе пристигнат вакцините неможе да се утврти, изјави министерката напоменувајќи дека очекуваат подетални информации од 10 до 15 дена. Вакцините се очекува да пристигнат во Црна Гора кон крајот на Јануари.
Боровиниќ-Боровиќ истакна дека сакаат прво вакцини со европски сертификат и дека преговараат со „Фајзер“ и со „Астра зенека“.

Во Црна Гора од денска се донесени нови построги мерки насочени кон сузбивање на пандемијата на Ковид-19. Воведен полициски час со кој забраната за напуштање на домот ќе трае од 22 до 5 часот наутро, објавуваат тамошните медиуми.
Исто така, забранета е работата на продавниците од 7 до 20 часот, додека угостителските објекти ќе бидат отворени од 7 до 18 часот.
Компаниите кои се занимаваат со трговија на прехранбени производи (пазари, супермаркети, хипермаркети) и компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија со непрехранбени производи и обезбедување услуги (трговски центри, продавници за чевли и облека, салони за убавина, фризерници) ќе работат од 7 до 20 часот, предвидуваат новите мерки. Забранет е и меѓуградскиот сообраќај од петок во 22 часот до понеделник во 5 часот наутро.
Останатите мерки остануваат на сила како задолжителни: носење на маска и одржување физичко растојание во затворено и надвор, забранети се масовни / социјални собири, како и собири во станбени згради и забрането да се собираат во група повеќе од четири возрасни лица заедно на отворено.
И Србија во последните седум дена бележи висок степен на инциденца на Ковид -19, со 724 случаи на 100 000 жители. Додека хрватска 582, Црна Гора 540, Словенија 497. Во земјите од каде најчесто доагаат ислениците ситуацијата е поповолна. Во Австрија е 266,5 случаи на 100.000 жители. Во Италија 238,6, во Данска 193, во Германија 156 и во Франција 110,3.
Јавните собири се забранети и во Холандија, додека Швајцарија треба да спроведе слична забрана, бидејќи ситуацијата со Ковид – 19 е влошена и во двете држави.
Свет
Објавена цената на руската вакцина против корона вирус

Published
2 months agoon
November 24, 2020By
Media Press
Руската вакцина против Ковид -19 „Спутник V“ на меѓународниот пазар ќе чини нешто помалку од 20 долари за лице, додека за руските граѓани ќе биде бесплатна, е објавено на официјалниот профил на „Твитер“ посветен на рускиот лек.
Вакцината ќе се прима во два наврата, а секоја доза ќе чини помалку од 10 долари вкупно за двете дози околу 20 долари.
Шефот на рускиот Државен фонд за национално богатство Кирил Дмитриев , вели дека Москва и нејзините странски партнери може да произведат повеќе од милијарда дози вакцини в година, што е доволно за 500 милиони луѓе. Русија се обидува да ги забрза производството и дистрибуцијата на својот лек.

Формирано Здружение „Обнова Глобал“ за санација на опожарениот Глобал во Струмица

Шахпаска: Започна со имплементација на проектот Гаранција за млади

Економско социјалниот совет на денешената седница го усвои Оперативниот план за вработување за 2021 година

Македонија со пораз во првиот меч на Ракометното Светско Првенство
