Connect with us

Македонија

Македонската асоцијација за рударство апелира измените на законот за минерални суровини да не се носат по скратена постапка

Media Press

Published

on

Македонската асоцијација на рударството (МАР) изминатите месеци реагираше во однос на текстот за предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, доставен во собраниска процедура за усвојување по скратена постапка.

„ Беа реализирани и работни средби со надлежните државни органи и поднесени конкретни предлози за измени/дополнувања во текстот на Законот, но, сепак, ниту едно од укажувањата, предлозите и од забелешките на Македонската асоцијација на рударството не се вклучени во предложениот текст на Законот, кој е предвиден да се разгледува по скратена постапка на 30. Седница на Собранието на РСМ, закажана за 18.1.2021 година“, нагласуваат од МАР.

 МАР укажува дека Законот за минерални суровини е комплексен закон, за чии измени и дополнувања е потребна широка јавна расправа, а не нивно донесување по скратена постапка со еднострани измени предложени од надлежното министерство.

„Законски одредби кои создаваат правна несигурност и изготвување законски прописи без вклучување на сите засегнати страни е спротивно на начелата за транспарентност и за инклузивност. Нејасните и непрецизни одредби од предложениот текст на Законот, кои оставаат простор за субјективно и за арбитрарно постапување на надлежните државни органи, за компаниите кои работат во овој сектор создава правна несигурност и неповолна клима за инвестирање“, стои во соопштението.

          Имајќи ги предвид комплексноста на предвидените измени и можните ефекти врз работењето на компаниите, Македонската асоцијација на рударството апелира да се стопира натамошната постапка на усвојување на овој предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини и истиот да биде повлечен, како и да биде формирана работна група, во која покрај претставници на надлежното министерство, ќе бидат вклучени и претставници на МАР, на научната и на стручната јавност, како и на невладините организации, кои заеднички, низ процес на консултации, ќе работат на изготвување на законските одредби.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Media Press

Published

on

Во директен разговор меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ договорено е Србија да и даде на нашата земја 8.000 вакцини од производителот Фајзер.

Министрите за здравство на двете земји Венко Филипче и Златибор Лочнар во наредните денови ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака на вакцините.
Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, Министерството за здравство изразува благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин.

Процесот на директна набавка со истиот производител е во финална фаза. Согласно договорената динамика, во февруари преку Фајзер ќе пристигнат 5.850 дози од вакцината, а по 17.500 дози во март и април.

Во месец февруари се очекуваат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто е направена уплата и обезбедена гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.

Continue Reading

Македонија

Третирани 661 пациент со конвалесцентна плазма

Media Press

Published

on

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со КОВИД-19, од вкупно 729 донори.

Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.

„Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале КОВИД-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со КОВИД-19.“ – апелираат од Институтот за трансфузиона медицина

Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од КОВИД-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.

Continue Reading

Македонија

Ново зголемување на цените на нафтените деривати

Media Press

Published

on

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 % во однос на Одлуката од 11.1.2021 година.

Ова зголемување се должи на зголемувањето на сите референтни цени на светските берзи за изминатата недела и тоа: бензинот се зголемува за 5,708%, дизелот за 4,285%, екстра лесното масло 4,792 % и мазутот 4,588%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,845%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг и ќе изнесува 30,823 ден/кг.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9562,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9863,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)53,50 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС29,651 (денари/килограм)

Continue Reading