Епидемиолошката состојба во општина Гевгелија поволна, продолжуваат да важат мерките за заштита од КОВИД-19
Општинскиот
штаб за заштита и спасување – Гевгелија на вчерашната седница констатира дека
епидемиолошката состојба во Општина Гевгелија е поволна. Бројот на
новозаболените од КOВИД-19 е во драстично опаѓање, додека значително е зголемен
бројот на оздравени пациенти. Според информациите од Општата болница и Центарот
за јавно здравје – ПЕ Гевгелија, преполовен е и бројот на пациентите на дневен
и хоспитализиран третман.
Доколку
до неодамна во Дневниот КОВИД-центар имало и по 50-60 пациенти на дневен
третман, а на хоспитализиран третман 18 пациенти, во текот на денешниот ден во
Дневниот Ковид-центар на дневен третман имало само 10 пациенти. Додека на
хоспитализираниот дел на Интерното одделение во Општата болница кое располага
со 22 легла, има само 9 пациенти од Ковид 19, е констатирано на седницата.
Општинскиот
штаб очекува ваквата тенденција да продолжи, се разбира, со почитување на
заштитните мерки од страна на граѓаните и сите правни субјекти. Особено, во
пресрет на претстојните верски и традиционални празници.
Врз
основа на информациите на ОВР- Гевгелија и Државниот пазарен инспекторат- ПЕ
Гевгелија, Општинскиот штаб констатира дека за време на новогодишните и
божиќните празници не се забележани, а и немало пријави за групни прослави и
собирања.
Според
информациите од Гевгелиското Архиериско намесништво, манифестацијата по повод
Водици, со фрлање на крст во реката Вардар, согласно насоките од МПЦ, годинава
се одлага поради пандемијата, како и водосветот по домаќинствата.
Празникот
ќе биде одбележан со редовните црковни богослужби на Водици, согласно
протоколите и заштитните мерки.
И
покрај тоа, Општинскиот штаб им препорачува на граѓаните, правните субјекти и
верски заедници доследно да ги применуваат мерките со кои се забранува
организирање и одржување на прослави на јавни места и површини по повод
верските и традиционалните празници.
Истовремено,
останува да важи забраната за палењето на малски огнови по повод Василица.
Пред
почетокот на второто полугодие од учебната година, во сите основни училишта,
каде што се врши настава со физичко присуство на учениците, но и во училиштата,
каде што наставата се одвива онлајн и со присуство на наставниците, е побарано
да се изврши дезинфекција на просториите,
информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување – Гевгелија.