По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица односно Стара нова година. Според обичаите на овој ден се прави домашно лепче во кое домаќинките ставаат паричка, и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.
Се пејат и василичарските песни во кој треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.
Старата година се испраќа и со палење
василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според
народное верување, ги прогонуваат лошите сили а според црквата
е пагански обичај.
Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Од Атина повторно заминал во Ерусалим каде на триесетгодишна возраст бил покрстен од страна на епископот Максим во реката Јордан и потоа ракоположен за отец во црквата.
Според христијанското верување, Свети Василиј го раздадел својот имот на сиромашните ставајки златници во лебот. Одовде потекнува и обичајот во некои краишта, да се дели лепче со паричка и на Стара Нова година. и тргнал во 357 година кон Александрија, Египет, Палестина и Месопотамија, учејќи го монаштвото. Во областа на монаштвото оставил и многу поуки. Зборувал и пишувал прекрасно за покајанието, пороците и добродетелите, смртта и воскресението на душата, спасението. Во 360 година бил поставен како ѓакон, а подоцна и како свештеник.
Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Како светец бил прогласен по неговата смрт.