Македонија
УХМР најавува снег од утре и многу ниски температури во петок

Published
6 days agoon
By
Media Press
Утре во попладневните часови и цел ден во четврток ќе има локални врнежи од снег кои ќе бидат позастапени во западните делови.
Сите тие врнежи од снег се резултат на продор на студена воздушна маса од север.
Во вонредна прогноза Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека врнежите ќе завршуваат во ноќта кон петок, кога ќе следува период со значително ниски температури.
Од УХМР најавуваат најстудено време во утринските часови за време на викендот кога температурата во источниот дел на земјата ќе се спушти и до -12 Целзиусови степени.
Студено ќе биде и на почетокот на следната недела, а потоа температурите ќе бидат малку повисоки.
Поврзани содржини
Македонија
Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Published
8 hours agoon
January 18, 2021By
Media Press
Во директен разговор меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ договорено е Србија да и даде на нашата земја 8.000 вакцини од производителот Фајзер.
Министрите за здравство на двете земји Венко Филипче и Златибор Лочнар во наредните денови ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака на вакцините.
Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, Министерството за здравство изразува благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин.
Процесот на директна набавка со истиот производител е во финална фаза. Согласно договорената динамика, во февруари преку Фајзер ќе пристигнат 5.850 дози од вакцината, а по 17.500 дози во март и април.
Во месец февруари се очекуваат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто е направена уплата и обезбедена гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.
Македонија
Третирани 661 пациент со конвалесцентна плазма

Published
9 hours agoon
January 18, 2021By
Media Press
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со КОВИД-19, од вкупно 729 донори.
Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.
„Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале КОВИД-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со КОВИД-19.“ – апелираат од Институтот за трансфузиона медицина
Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од КОВИД-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.
Македонија
Ново зголемување на цените на нафтените деривати

Published
9 hours agoon
January 18, 2021By
Media Press
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 % во однос на Одлуката од 11.1.2021 година.
Ова зголемување се должи на зголемувањето на сите референтни цени на светските берзи за изминатата недела и тоа: бензинот се зголемува за 5,708%, дизелот за 4,285%, екстра лесното масло 4,792 % и мазутот 4,588%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,845%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг и ќе изнесува 30,823 ден/кг.
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 62,00 (денари/литар) |
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 63,50 (денари/литар) |
Дизел гориво | ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 53,50 (денари/литар |
Масло за горење | Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) | 53,00 (денари/литар) |
Мазут | М-1 НС | 29,651 (денари/килограм) |

Бектеши: Продолжуваме со мерки за поддршка на индустријата, занаетчиството, туризмот и енергетска ефикасност кај домаќинствата

Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш
