Струмица
Струмичката полиција во акциска контрола санкционираше 56 прекршоци

Published
6 days agoon
By
Media Press
СВР Струмица во текот на вчерашниот ден во периодот од 12 до 18 часот извршуваше акциска контрола над учесниците во сообраќајот на подрачјето на делување на Секторот за Внатрешни Работи Струмица
,,На 10.01.2020 во времето од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над учесниците во сообракајот. Во акциската контрола биле констирани 56 прекршока од Закон за безбедност во сообракајот на патиштата, Закон за возила и Закон за заштита на население од заразни болести, кои се соодветно санкционирани’’, се вели во соопштението СВР Струмица
Од СВР Струмица дополнуваат дека по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, во последните 24 часа е евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 12 лица не ја почитувалe, од кои по 4 во Струмица и Радовиш, 3 во Гевгелија и 1 во Валандово и против лицата ќе бидат преземени соодветни мерки.
Поврзани содржини
Во две акции на СВР Струмица откриени се 13 возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол
Акциска контрола на СВР Струмица за возење под дејство на алкохол
МВР: 879 прекршители на мерката за носење лична заштита на лице
777 прекршоци на територијата на цела Македонија, 77 се во регионов
Околу 800 прекршоци во земјава, за неносење на заштитна маска
СВР Струмица продолжува со контроли во угостителските објекти
Струмица
Формирано Здружение „Обнова Глобал“ за санација на опожарениот Глобал во Струмица

Published
3 days agoon
January 15, 2021By
Media Press
За санација и обнова на Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е формирано Здружение „Обнова Глобал“ кое ќе се обрати до сите општински и државни институции и до стопанските комори за да донираат средства на отворената солидарна сметка, информираше денеска Илија Митревски од ова Здружение.
,, Пожарот за неколку часа уништи стотици деловни простории, дуќани и тезги како и нивните основни и обртни средства. Штетите се во милиони евра. Здружението Обнова Глобал е формирано со цел обнова и санација на Глобал. Како формално правен субјект ќе се обрати официјално до сите релевантни општински и републички институции, до владата, а преку сите стопански комори и до приватниот сектор , да донираат на веќе формираната наменска сметка за обнова и санација на трговскиот центар Глобал,“ рече Илија Митревски од Здружението обнова Глобал.
Тој додаде дека собраните средства на најтранспарентен начин ќе се распределат за обнова на трговскиот центар, но и на сопствениците на продавници и тезги според проценката на штетата на стоката.
Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 овој месец, опожарен е голем дел од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а урнат е и дел од покривот.
Струмица
Во две акции на СВР Струмица откриени се 13 возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол

Published
3 days agoon
January 15, 2021By
Media Press
Струмичката полиција спроведе две последователни акции на подрачјето на СВР Струмица за контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Во првата акција спроведена на 13.01.2021 со почеток во 17:00 до 01:00 часот после полноќ биле откриени 65 прекршоци. Регистрирани биле двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол како и 63 други прекршоци.
Во втората акција спроведена на 14.01.2021 со почеток во 11:00 до 18:00 часот, подрачјето на СВР Струмица се откриени 62 прекршоци, од кои 11 по акциската контрола односно 11 возачи се управувале со возило под дејство на алкохол и 51 останати прекршоци.
Сите прекршоци се соодветно санкционирани.
Струмица
Струмица доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста, Уметничка галерија под градскиот плоштад

Published
4 days agoon
January 14, 2021By
Media Press
Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“ во Струмица.
Пренамената се изврши на просторот под градскиот плоштад, изграден како дел од градската скривница, кој порано се користеше за регистрација на бракови, а потоа имаше и други намени. Со тоа градот доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста и културата.
Вкупната корисна површина на пренаменетиот простор изнесува 319 метри квадратни, а има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење, санитарни јазли, а ќе биде и место и каде што ќе може да се организираат приеми, промоции и слични настани.

Вкупната вредност на проектот е 7.436.138 денари, средства обезбедени од општина Струмица и Министерството за култура.
Паралелно со овој проект се реализира и изградбата на настрешница на влезот во Уметничката галерија, која се очекува да заврши во текот на месец март оваа година кога и официјално галеријата ќе биде пуштена во работа.


Бектеши: Продолжуваме со мерки за поддршка на индустријата, занаетчиството, туризмот и енергетска ефикасност кај домаќинствата

Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш
