Connect with us

Македонија

Димитар Апасиев, поднел тужба и бара оштета за незаконско следење, односно прислушување

Media Press

Published

on

Претседателот на Левица, и пратеник во Собранието Димитар Апасиев, поднел тужба и бара оштета за незаконско следење, односно прислушување на неговите телефонски разговори

„Ја известуваме јавноста дека, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, вчера, на ден 11.01.2021, на покана на Основен кривичен суд – Скопје, во својство на оштетен, достави писмена изјава во врска со незаконското следење на лични комуникации.

Имено, станува збор за кривичниот предмет КОК бр. 47/17, во јавноста познат како „Таргет – Тврдина“.

„Со оглед дека од т.н. Специјално јавно обвинителство (СЈО) добив потврда за незаконското следење на моите комуникации, го известувам Судот дека се чуствувам за оштетен поради незаконско следење, т.е. прислушкување на моите телефонски разговори за подолг период“, стои во изјавата на Апасиев.

Исто така, доколку по постапката пред Судот се утврди одговорност и на давателот на телекомуникациските услуги (ONE/VIP/A1), чиј корисник е Апасиев, и врз кој телефонски број незаконски е применета посебна истражна мерка за илегално следење на лични комуникации, тој предјавува оштетно побарување и од компанијата за штетата што ја има претрпено“, стои во соопштението од Левица.

Македонија

Изгласан Законот за попис на населението и домаќинствата

Media Press

Published

on

Собрането денеска со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, го усвои  Законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи пролетва во април.

Последниот попис се одржа во 2002 година што значи 19 години не е попишано населението во земјава.

Владејачката коалиција предводена од СДСМ доби поддршка за Законот од Алијансата за Албанците и Алтернатива, а против законот беше ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најави дека ќе бара негово поништување и започна со собирање потписи од граѓаните за поништување на законот.

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Во оваа сложена статистичка операција ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. За разлика од претходните, главната новина во овој попис е што ќе се спроведува со т.н комбиниран метод. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице во лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци.Пописот ќе се спроведува со електронски прашалници, со користење на ИТ- технологија, и според стандардите на Еуростат.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека во екот на пандемијата, кога десетици европски држави, меѓу кои се Германија, Шкотска, Ирска, Србија, Романија, Бугарија, го ОДЛОЖУВААТ пописот, Владата на СДСМ изведува политички инженеринг и ја турка Македонија во уште поголема рецесија и проблеми.

Continue Reading

Македонија

Царовска: Реформите се потребни, тие се во интерес и на децата и на нашите барања

Media Press

Published

on

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група денес се сретнаа со наставници од сите општини во државата со што го продолжија широкиот консултативен процес во врска со предложените реформи во основното образование. Консултациите за концепцијата продолжуваат и во наредниот период со различни групи засегнати страни.

Едни од главните теми коишто се наметнаа на дискусијата, а се и најбројни меѓу пристигнатите забелешки до МОН се динамиката со којашто ќе се спроведуваат реформите, како обуките коишто им претстојат на наставниците.

Наставниците се фокусот на оваа реформа и се вклучени во нејзиното создавање од самиот почеток. Тие имаат централно место во системот и од нив зависи квалитетот на целокупното образование. Затоа, тие беа вклучени од самиот почеток во дефинирањето на клучните промени кои ги бараат и кои самите знаат дека ќе го подобрат нивното работење, условите за работи и квалитетот на наставата. Јас сум горда што за прв пат овозможуваме кариерен развој за наставниците, нешто што беше клучно за да се зголеми мотивираноста кај нив и квалитетот на наставата. Се обврзуваме како министерство дека реформата ќе ја дочекаме подготвени и ќе дадеме максимум за секој да биде целосно мотивиран и спремен да почне со работа.“ Истакна министерката Царовска

Реформата во основно образование е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма. Во нејзината изработка беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите, учениците и родителите.

Continue Reading

Македонија

Мицковски: Владата ниту подарените вакцини неможе да ги примени

Media Press

Published

on

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во објава на неговата фејсбук страница напиша дека Владата нема план за вакцините и не може да ги примени ниту подарените.

„Пред еден месец кога Бугарија соопшти дека ќе ни подари вакцини против корона, тоа го поздравив и прашав дали Владата има воопшто план? Денес го добивме одговорот декa нема. Имено Премиерката на соседна Србија, Брнабиќ кажува дека и покрај тоа што одлучиле да помогнат со 8 илјади вакцини процесот е закочен зошто вакцината не е регистрирана и има отсуство на план за регистрација. Со други зборови, додека светот оди напред, нашата влада го губи времето, додека народот умира на рати. Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не може да ги применат. Што правеа додека регионот планираше и бараше вакцини? “ – напиша Мицковски

Continue Reading