Македонија

Поради врнежите сите водостои кај реките и езерата ќе бидат во покачување

Врнежите предизвикаа локални излевања на некои реки. Поради временската состојба во која се оечкува да продолжат врнежите како што наведува УХМР, се очекува сите водостои кај водотеците и езерата да бидат во покачување.

Во текот на денот доколку има појава на интензивни врнежи на југот и југоистокот, се очекува продолжен пораст на водостојот и на водотеците од овој дел на државата и тоа на реките Брегалница, Струмица, Анска, Тркајна,…

„Предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони. Врнежите кои паднаа во изминативе 24 часа дополнително ги зголемија нивоата на сите водотеци и езера низ државата. На сите хидролошки станици од националната хидролошка мрежа има пораст на водостоите, а особени покачувања бележиме кај Вардар – горен тек, каде на Јегуновце во однос на вчерашните податоци бележиме покачување од 114 сантиметри, Лепенец кај Скопје 45 cантиметри, Вардар во Скопје 45 сантиметри, Треска кај Македонски Брод 87 cантиметри, Црна кај Новаци 100 сантиметри. Кај езерата во однос на минатиот понеделник бележиме покачувања, кај Охрид од девет сантиметри, кај Преспа четири и кај Дојран еден сантиметар“, информира УХМР.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago