Струмица
Сопствениците на тезги во „Глобал“ со барање пожарот да не се користи за политички препукувања

Published
2 weeks agoon
By
Media PressСакаме да им се заблагодариме на сите субјекти, физички и правни лица кои се понудија да помогнат во решавање на...
Posted by Тезги ГТЦ Глобал Струмица on Saturday, 9 January 2021
Сопствениците на тезги во ГТЦ „Глобал“ во Струмица во кој избувна пожар и претрпе големи штети се огласија со барање пожарот да не се користи за политички прекупувања. На сите сопственици им е потребна солидарност и сплотеност во овие тешки моменти.
Воедно тие се заблагодаруваат на сите физички и правни лица кои се понудиле да помогнат, и упатуваат апел за хуманост бидејќи поради пожарот многумина од нив останале без основен приход на живеење.
„Ги замолуваме политичките партии да не го користат пожарот во Глобал да добиваат поени кај своите симпатизери и активисти зошто со тоа не ни помагаат на нас, жртвите на настанот. Доколку сакаат да покажат со прст кон кривецот за настанот, замолуваме да се почекаат резултатите од истрагата која е започната и институциите да го кажат тоа.“ – напишаа на фејсбук сопствениците на тезги во ГТЦ „Глобал“.
Во објавата пишуваат дека од денеска ќе биде отворена и сметката за донации за санација на ТЦ Глобал, а воедно и ќе започнат и активностите со чистење на објектот.
Поврзани содржини
Формирано Здружение „Обнова Глобал“ за санација на опожарениот Глобал во Струмица
До денеска треба да заврши расчистувањето на остатоците од пожарот во Глобал
Општинската комисија за проценка на штети се стави на располагање на сопствениците на деловните објекти кои претрпеа штети од пожарот во „Глобал“
Заев во посета на Струмица по пожарот во „Глобал”: Заедницата ќе покаже солидарност и со акција на дело сите ќе помогнеме Струмица да се врати во нормала
Јаневски: Тажна е сликата денеска, по пожарот кој ноќеска пред полноќ, избувна во трговскиот центар „Глобал“

Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов заминува од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филипче за нов директор на струмичката болница е именувана д-р Катерина Кузмановска.
Доктор Катерина Кузмановска е специјалист по педијатрија од 2004 година. Родена е 1968 година во Струмица. Средно образование завршила во гимназијата „Јане Сандански“ во 1986 година. Медицински факултет во 1991 година, а од 1992 година работи во ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица.
Во претходниот парламентарен состав беше пратеник во Собранието од редовите на СДСМ.
Струмица
Санкционирани 137 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената

Published
5 days agoon
January 20, 2021By
Media Press
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирла 137 возачи во регионот, кои возеле со брзина над дозволената, информира СВР Струмица.
„На 19.01.2021 година во времето од 09.00 до 16.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 171 прекршок, од кои 137 по акциската контрола и 34 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани“, стои во соопштението од СВР Струмица.
Струмица
Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, се подобруват условите во училиштата во Струмица

Published
5 days agoon
January 20, 2021By
Media Press
Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, преку компонентата за реновирање на училиштата, во ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, во тек се градежни активности за промена на подовите во училниците, со поставување на нов ПВЦ под.
Целта на овој проект е да се подобри меѓуетничката интеграција преку позитивни интеракции помеѓу етнички мешана младина на ниво на училиштата и на ниво на заедницата и подобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите. Имплементатор на овој проект е Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) од Скопје, а како партнери се вклучени МОН, општините и училиштата во Република Македонија. Како стимул за училиштата да учествуваат во проектни активности за подобрување на меѓуетничката кохезија и развивање на демократските и граѓанските вредности помеѓу младите, проектот реновира училишта и ги подобрува условите за учење.
Со реновирањето е опфатен и објектот на подрачното основно училиште во населеното место Градско Балдовци, каде меѓу другото, за загревање на училниците, се поставени печки на пелети, со што се допринесува и за заштита од загадување на животната средина.
Општина Струмица, како долгогодишен партнер и учесник во проектите на УСАИД и МЦГО-Скопје, учествува со свои финансиски средства во износ од околу 300.000 денари, но и со секаква друга поддршка за успешна имплементација на проектните активности и подобрување на условите за учење и изведување на редовната воспитно-образовна работа во училиштето.

Претседателот Пендаровски, го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението

Левица: Груби глуми биро за вработување – освен што е во министерство со 1460 вработени, сега ќе ги згрижува и „рамковните“

Среда е неработен ден за припадниците на српската заедница во Македонија

Објавен јавен повик за проектот „Купи куќа, купи стан“
