Струмица
Кривични пријави против струмичани кои организирале роденденска прослава на која присуствувале повеќе лица

Published
3 weeks agoon
By
Media Press
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36) и Д.К. (44) и двајцата од Струмица, поради постоење основано сомневање дека пријавените сториле кривично дело ”Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот Законик .
Имено на 05.01.2021, пријавените во домот на првопријавениот во Струмица, организирале роденденска прослава на првопријавениот на која присуствувале повеќе лица при што со таквото дејствие пријавените постапиле спротивно на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.
Од организираната роденденска прослава на која присуствувале повеќе лица, второпријавениот снимил видео содржини на кои се гледа присуство на повеќе лица и така снимените видео содржини ги дистрибуирал низ социјалните мрежи.
„Од страна на полициски службеници при СВР-Струмица, превземени се мерки за расчистување и документирање на настанот. Обезбедени се објавените видео содржини од организираната роденденска прослава, извршени се службени разговори, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот“, стои во соопштението од СВР Струмица.

Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов заминува од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филипче за нов директор на струмичката болница е именувана д-р Катерина Кузмановска.
Доктор Катерина Кузмановска е специјалист по педијатрија од 2004 година. Родена е 1968 година во Струмица. Средно образование завршила во гимназијата „Јане Сандански“ во 1986 година. Медицински факултет во 1991 година, а од 1992 година работи во ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица.
Во претходниот парламентарен состав беше пратеник во Собранието од редовите на СДСМ.
Струмица
Санкционирани 137 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената

Published
1 week agoon
January 20, 2021By
Media Press
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирла 137 возачи во регионот, кои возеле со брзина над дозволената, информира СВР Струмица.
„На 19.01.2021 година во времето од 09.00 до 16.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 171 прекршок, од кои 137 по акциската контрола и 34 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани“, стои во соопштението од СВР Струмица.
Струмица
Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, се подобруват условите во училиштата во Струмица

Published
1 week agoon
January 20, 2021By
Media Press
Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, преку компонентата за реновирање на училиштата, во ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, во тек се градежни активности за промена на подовите во училниците, со поставување на нов ПВЦ под.
Целта на овој проект е да се подобри меѓуетничката интеграција преку позитивни интеракции помеѓу етнички мешана младина на ниво на училиштата и на ниво на заедницата и подобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите. Имплементатор на овој проект е Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) од Скопје, а како партнери се вклучени МОН, општините и училиштата во Република Македонија. Како стимул за училиштата да учествуваат во проектни активности за подобрување на меѓуетничката кохезија и развивање на демократските и граѓанските вредности помеѓу младите, проектот реновира училишта и ги подобрува условите за учење.
Со реновирањето е опфатен и објектот на подрачното основно училиште во населеното место Градско Балдовци, каде меѓу другото, за загревање на училниците, се поставени печки на пелети, со што се допринесува и за заштита од загадување на животната средина.
Општина Струмица, како долгогодишен партнер и учесник во проектите на УСАИД и МЦГО-Скопје, учествува со свои финансиски средства во износ од околу 300.000 денари, но и со секаква друга поддршка за успешна имплементација на проектните активности и подобрување на условите за учење и изведување на редовната воспитно-образовна работа во училиштето.

Започнува кампањата „Мој труд, мои права!“ со цел информирање за правата од работен однос

Пендаровски во врска со случајот „Јавна соба“: Одговорност мора да има во најкус можен рок

Трајанов: Да се вакцинираат попишувачите

ЗПВ Николовски: Новиот Национален регистар на вистински сопственици, ќе биде квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам
