Радовиш
И во радовишко биле приведени граѓани кои палеле коледарски огнови

Published
3 weeks agoon
By
Media Press
Полициската станица од Радовиш информира дека и во радовишко биле приведени граѓани кои палеле коледарски огнови, во пресрет на големиот христијански празник Божиќ.
Имено на 05.01.2021 во 22.20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека пред колонијална продавница во с.Ињево, радовишко, има граѓани покрај оган.
„ Полициски службеници излегле на местото и во врска со настанот биле приведени В.А.(34), С.В.(33), М.Р.(40) и Р.М.(30), сите од село Ињево и се преземаат дополнителни мерки. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ стои во соопштението од СВР Струмица Полициска станица Радовиш.
Поврзани содржини
Приведени седум дилери, запленето оружје, хероин и марихуана од источна Македонија, меѓу нив има и струмичанец
За 24 часа, приведени се 180 лица на ниво на држава, кои не ја почитувале забраната за движење
За 24 часа, приведени се 76 лица во државата, кои не се воздржале од излегување
Три лица во регионот и 25 на ниво на држава се приведени за време на полициски час
И покрај казните и приведувањата, сеуште има лица кои не ја почитуваат забраната за движење
Во изминатото деноноќие приведени се 22 лица во државата, од кои 1 лице на подрачјето на СВР Струмица
Радовиш
40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

Published
7 hours agoon
January 27, 2021By
Media Press
Донација на уште 40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
„ Многу им благодариме на нашите соработници од МЦГО Проектот ,,Јакнење на мултиетничка интеграција меѓу општините” за оваа прекрасна донација. Со ова сите наши ученици имаат уреди за следење на online настава, а наставниците можност за успешно реализирање на образовните цели!“, вели директорката на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова.
Таа додава дека секое дете има право на образование! Секое дете мора да биде рамноправно со своето другарче! Иднината на општеството зависи од тоа колку вложуваме во образованието! Во ова новонастаната ситуација големината на човечките срца е од огромно значење.

Радовиш
Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Published
1 day agoon
January 26, 2021By
Media Press
Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака.
Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим.
“Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.
Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим.
Радовиш
Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш

Published
1 day agoon
January 26, 2021By
Media Press
Доделени се 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш за потребите на онлајн наставата.
Таблетите се наменети за ученици од социјално-ранливи семејства кои се соочуваат со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и истите ги додели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.
Како што информираат од општината таблетите се донација од “Макпетрол” АД Скопје, која како општествено одговорна компанија ги донирала на Општина Радовиш од каде се доставени за потребите на училиштетото.


ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
