Радовиш
Со Свети Богослужби во црковните храмови се најави Христовото раѓање, Православните христијани го слават Божиќ

Published
3 weeks agoon
By
Media Press
Православните христијани го славата Божиќ или Рождество Христово – денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Секоја година на седми Јануари, односно на денот после Бадник, го прославуваме вториот по големина празник – Божиќ. На овој ден се празнува раѓањето на Господ Исус Христос, второто лице од Светата Троица. Божиќ се слави три дена. Во сите наши Македонски православни храмови се одржуваат Литургии по повод Божиќ. Во нив се става акцент на значењето на семејството коешто е нашето најголемо богатство. По тој повод во двата црковни храма „Свети Пророк Илија“ и „Света Троица“ во Радовиш, со Света Богослужба беше најавено Христовото Раѓање.

Вечерта пред Божиќ во секој дом, во секое семејство, се организирана Бадникова вечера, која му претходи на најрадосниот семеен празник – Божиќ. Тој е придружен со многу обичаи, кои ги разубавуваат душите на луѓето за раѓањето на Синот Божји.
На Бадник се подготвува посна вечера, се пече лепче со паричка и се оди во црква.

Се смета дека зборот Бадник е со старо македонско потекло и значи “да бидеш буден” односно доаѓа од бдеењето над обредниот оган: бадник – будник. Исто така Бадник е познат и под името Коледе.
Овој празник симболично се поврзува со Христовото раѓање. Според нашата православна црква се слави на шести Јануари секоја година. Тој е празник кој не учи и ни ја доловува суштината на љубовта, вербата, опростувањето и милосрдието. Проследен e со многу обичаи и адети. Иако постојат големи разлики во прославувањето на овој празник од едно место до друго, сепак неговата суштина е секаде иста: ширење и прославување на љубовта и милосрдието, како и збогатување и исполнување на човековото срце со благодарност и нежност.
Бадник е проследен со голем број на обичаи. Најпрво се оди во црква, од каде што се зема бадниково гранче. Потоа децата симболизирајќи ги ангелите, радосни, одат по куќите да го најават Христовото доаѓање. Тие тропнуваат на вратите и откако ќе излезе домаќинот пеат најразлични коледарски песни.
Утрото на Божиќ се појадувa од Бадниковата трпеза, којашто потоа се раскрева. Исто така од овој ден се прекинати божиќните пости и може да се мрси. Помладите одат на гости кај своите најблиски: баби, тетки, стрини. Им го честитаат празникот со зборовите: “Христос се роди!” A овие им возвраќаат: “Вoистина се роди!”
Поврзани содржини
Градоначалникот Герасим Конзулов со честитка до граѓаните по повод Божиќните празници
Годинава нема да се одржи традиционалната литија на дечињата, поради актулената ситуација со Ковид -19
Божиќ неработен ден за сите граѓани а Бадник за граѓаните од православна вероисповед
Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Денеска се празнува Иванден празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител
Радовиш
40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

Published
24 hours agoon
January 27, 2021By
Media Press
Донација на уште 40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
„ Многу им благодариме на нашите соработници од МЦГО Проектот ,,Јакнење на мултиетничка интеграција меѓу општините” за оваа прекрасна донација. Со ова сите наши ученици имаат уреди за следење на online настава, а наставниците можност за успешно реализирање на образовните цели!“, вели директорката на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова.
Таа додава дека секое дете има право на образование! Секое дете мора да биде рамноправно со своето другарче! Иднината на општеството зависи од тоа колку вложуваме во образованието! Во ова новонастаната ситуација големината на човечките срца е од огромно значење.

Радовиш
Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Published
2 days agoon
January 26, 2021By
Media Press
Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака.
Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим.
“Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.
Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим.
Радовиш
Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш

Published
2 days agoon
January 26, 2021By
Media Press
Доделени се 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш за потребите на онлајн наставата.
Таблетите се наменети за ученици од социјално-ранливи семејства кои се соочуваат со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и истите ги додели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.
Како што информираат од општината таблетите се донација од “Макпетрол” АД Скопје, која како општествено одговорна компанија ги донирала на Општина Радовиш од каде се доставени за потребите на училиштетото.


Според индексот за корупција Македонија најлошо рангирана досега

115 санкционирани возачи во Струмица, 34 за брзо возење

Спасовски: Две лица се приведени во врска со случајот „Јавна соба“

Започнува кампањата „Мој труд, мои права!“ со цел информирање за правата од работен однос
