Струмица
Формирано Координативно тело за справување со последиците од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“

Published
2 weeks agoon
By
Media Press
Со цел за брза и координирана акција, вчера на иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски е формирано Координативно тело во кое членуваат претставници од сите релевантни општински и државни институции и претпријатија, како и претставник на Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап“, за справување со последиците од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“.
„На првиот состанок, се донесени неколку заклучоци:
1.Денеска започна истражната постапка и по нејзиното завршување веднаш ќе се пристапи кон расчистување на опожарениот дел на Трговскиот центар „Глобал“.
2.Преку претставникот на Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап“, дадени се насоки до правните субјекти кои беа зафатени од пожарот, во меѓувреме да формираат стручна комисија за проценка на штетата, согласно единствената методологија за проценка на штети од елементарни и други непогоди.
3.Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап“, ја презеде обврската за отворање посебна наменска сметка – фонд за солидарност.
4.Направени се контакти со сите правни и физички лица кои самоиницијативно се пријавија за помош, но и фирми кои по наши проценки можат да придонесат за што побрзо расчистување на остатоците од големиот пожар.
Сочувствувајќи со сопствениците на објектите кои претрпеа загуби, заеднички е констатирано дека ќе се направи се што е во рамките на надлежности и можности на институциите, за да се стави во функција Трговскиот центар „Глобал“, информират од Општина Струмица.
Поврзани содржини
Формирано Здружение „Обнова Глобал“ за санација на опожарениот Глобал во Струмица
Струмица доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста, Уметничка галерија под градскиот плоштад
До денеска треба да заврши расчистувањето на остатоците од пожарот во Глобал
Општинската комисија за проценка на штети се стави на располагање на сопствениците на деловните објекти кои претрпеа штети од пожарот во „Глобал“
Советот на Општина Радовиш донесе одлука да се одобрат средства за помош на соседна Струмица за опожарениот „Глобал“
Јаневски: Тажна е сликата денеска, по пожарот кој ноќеска пред полноќ, избувна во трговскиот центар „Глобал“
Струмица
Формирано Здружение „Обнова Глобал“ за санација на опожарениот Глобал во Струмица

Published
3 days agoon
January 15, 2021By
Media Press
За санација и обнова на Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е формирано Здружение „Обнова Глобал“ кое ќе се обрати до сите општински и државни институции и до стопанските комори за да донираат средства на отворената солидарна сметка, информираше денеска Илија Митревски од ова Здружение.
,, Пожарот за неколку часа уништи стотици деловни простории, дуќани и тезги како и нивните основни и обртни средства. Штетите се во милиони евра. Здружението Обнова Глобал е формирано со цел обнова и санација на Глобал. Како формално правен субјект ќе се обрати официјално до сите релевантни општински и републички институции, до владата, а преку сите стопански комори и до приватниот сектор , да донираат на веќе формираната наменска сметка за обнова и санација на трговскиот центар Глобал,“ рече Илија Митревски од Здружението обнова Глобал.
Тој додаде дека собраните средства на најтранспарентен начин ќе се распределат за обнова на трговскиот центар, но и на сопствениците на продавници и тезги според проценката на штетата на стоката.
Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 овој месец, опожарен е голем дел од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а урнат е и дел од покривот.
Струмица
Во две акции на СВР Струмица откриени се 13 возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол

Published
4 days agoon
January 15, 2021By
Media Press
Струмичката полиција спроведе две последователни акции на подрачјето на СВР Струмица за контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Во првата акција спроведена на 13.01.2021 со почеток во 17:00 до 01:00 часот после полноќ биле откриени 65 прекршоци. Регистрирани биле двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол како и 63 други прекршоци.
Во втората акција спроведена на 14.01.2021 со почеток во 11:00 до 18:00 часот, подрачјето на СВР Струмица се откриени 62 прекршоци, од кои 11 по акциската контрола односно 11 возачи се управувале со возило под дејство на алкохол и 51 останати прекршоци.
Сите прекршоци се соодветно санкционирани.
Струмица
Струмица доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста, Уметничка галерија под градскиот плоштад

Published
4 days agoon
January 14, 2021By
Media Press
Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“ во Струмица.
Пренамената се изврши на просторот под градскиот плоштад, изграден како дел од градската скривница, кој порано се користеше за регистрација на бракови, а потоа имаше и други намени. Со тоа градот доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста и културата.
Вкупната корисна површина на пренаменетиот простор изнесува 319 метри квадратни, а има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење, санитарни јазли, а ќе биде и место и каде што ќе може да се организираат приеми, промоции и слични настани.

Вкупната вредност на проектот е 7.436.138 денари, средства обезбедени од општина Струмица и Министерството за култура.
Паралелно со овој проект се реализира и изградбата на настрешница на влезот во Уметничката галерија, која се очекува да заврши во текот на месец март оваа година кога и официјално галеријата ќе биде пуштена во работа.


Бектеши: Продолжуваме со мерки за поддршка на индустријата, занаетчиството, туризмот и енергетска ефикасност кај домаќинствата

Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш
