Радовиш
Советот на Општина Радовиш донесе одлука да се одобрат средства за помош на соседна Струмица за опожарениот „Глобал“
Објавено на
Од
Media Press
300.000 денари за солидарниот фонд за санирање на штетите во опожарениот трговски центар „Глобал“ во Струмица ќе одобри Општина Радовиш. На денешната седница на Совет предлогот на советникот Блаже Ужевски за помош на соседна Струмица, беше ставен како дополнителна точка од дневниот ред и истиот беше изгласан со цел да се помогне за враќање на Глобал во нормала.

За таа цел Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап“ од Струмица отвори посебна наменска сметка – фонд за солидарност, на која ќе се донираат одобрените средства.
Исто така Советот на Општина Радовиш на денешната седница изгласа и да се наградат со по една дневница, пожарникарите од ТППЕ од Радовиш кои што учествуваа во гасењето на пожарот.

Поврзани содржини

Општина Струмица објави Јавен повик до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата „Општинско – корисна работа“

Серафимовски: Постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка

Јанков: Во време кога светот се движи пребрзо, книгата останува нашето најсигурно засолниште на мудроста, знаењето и човечноста

Општина Струмица нуди бесплатен приклучок и субвенции за секој кубик гас

Пријава за кражба во Струмица, две лица му упатиле закани со остар предмет и му одзеле пари

МВР: Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

