Connect with us

Радовиш

Советот на Општина Радовиш конечно го усвои Предлог – Буџетот за 2021 година на денешната седница

Media Press

Published

on

Советот на Општина Радовиш на денешната 52 седница конечно го усвои Предлог- Буџетот за 2021 година. По неколкуте процедурални забелешки од страна на советниците уште на почетокот на седницата, сепак дневниот ред од 22 точки беше усвоен, по што со 10 гласа ЗА, беше усвоен и Буџетот на општината. Од страна на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Митевски, беше побарано поединечно гласање, при што беше констатирано дека 10 советници гласаа ЗА, а 8 не гласаа. Вкупниот Буџет тежи околу 572 милиони денари.

По усвојувањто на истиот, беше изгласана и Предлог – Одлуката за извршување на Буџетот за 2021, како и Предлог – одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година.

Претходно беа усвоени и Предлог -Програмата за јавни потреби на спортот во општина Радовиш за 2021 година, како и Предлог Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба, реконструкција на комунални објекти и локални патишта во Општина Радовиш за 2021 година. Потоа беше изгласан и предлог програмата за изработка на урбанистички планови, Предлог Програмата за локален економски развој на Општина Радовиш за 2021 година и други предлог одлуки.

Советниците од опозицијата не гласаа за дневниот ред ниту за Предлог -одлуките, поради тоа што сметаа дека Предлог- Буџетот претходно не бил разгледан на комисија и поради одредени забелешко кои ги имале на истиот.

Радовиш

Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Media Press

Published

on

Членови од АК Плоча од Радовиш викендот направија редовни зимски тренинзи на качување на натечен мраз кој се наога во близината на селото Патишка Река на 20 километри од Скопје на падините на Јакупица под Остри врв.

„Поради топлата зима и малите врнежи на снег условите единствено овој викенд на кој температурите паднаа под нулата,  создадоа мали услови за ваков вид на активност. На локалитетот спонтано се собравме 20 сетина алпинисти од повеќе градови и повеќе клубови кој вежбаа и го искусија ваквиот начин на качување, кои пред се уживаа во леденото задоволство“, вели Зоран Мајсторски од Алпинистички клуб „Плоча“ од Радовиш, кој често оди на вакви искачувања по мраз во зима.

Continue Reading

Радовиш

Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш

Media Press

Published

on

Денеска пред одбележувањето на големиот православен празник Богојавление или Водици беше крстена  водата во сите православни храмови односно денеска е  Богојавленски водосвет. Во црковните храмови Света Троица и Свети Пророк Илија во Радовиш беше одржана утринската  божествена литургија а потоа беше осветена водата.

Пред да ја започне Исус Христос својата евангелска мисија на земјата, светиот пророк Јован Крстител  почнал да проповеда и да го повикува народот да дојде да се очисти со светото крштевање во реката Јордан и подготвени да го дочекаат Исус Христос.  

Верниците кои што присуствува на утринската  божествена литургија  и на молитвата за осветување на водата, потоа си понесоа од осветената вода во своите домови за здравје, телесно и духовно спасение. Од осветената вода потоа верниците во своите домови можат да се напијат наутро на гладно и само на празник или во недела.  

Continue Reading

Радовиш

Годинава ќе биде изоставено традиционалното чествување на празникот БОГОЈАВЛЕНИЕ – Водици, Светиот крст нема да биде фрлен во осветените води

Media Press

Published

on

Поради ситуацијата со корона вирусот и пропишаните мерки оваа година ќе биде изоставено традиционалното чествување на празникот БОГОЈАВЛЕНИЕ – Водици, соопштува Православната црква во Радовиш.

„Оваа година нема да има положување на чесниот и животворен крст во водите на Градскиот базент како и во реките и базените во останатите села каде што имаше ваква традиција. Затоа на 18.01. 2021 год. (понеделник) на празникот Водокрст во кругот на градските цркви во 09:00 часот ќе се изврши ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ и ќе можете да си земете од осветената вода.

Исто и на 19. 01.2021 год.(вторник) на празникот Водици -БОЈОЈАВЛЕНИЕ по светата литургија ќе се изврши Голем Богојавленски водосвет. Ве замолуваме да се држиме до пропишаните мерки на претпазливост.

И двата дена црквите ќе бидат отворени во текот на целиот ден.Однапред Ви благодариме за Вашето разбирање.Нека е напомош и за многу години.БОГ СЕ ЈАВИ – НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ“, стои во соопштенито од Православната црква во Радовиш.

Инаку традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш секоја година се вршеше во водите на базенот во спортскиот центар Шампионче.

Continue Reading