Радовиш
За големиот христијански празник Божиќ, Свети Богослужби ќе се одржат и во двата црковни храма во Радовиш

Published
3 weeks agoon
By
Media Press
Во двата црковни храма во Радовиш сепак ќе се одржат божествените литургии согласно распоредот за најголениот христијански празник Божиќ или Христовото раѓање.
На 06.01.2021 Бадник во храмот „Свети Пророк Илија“ и во храмот „Света Троица“, царски часови и литургја од 07 часот.
На 07.01.2021 година Прв ден Божиќ, во храмот „Свети Пророк Илија“, Светата Богослужба ќе започне во 05 часот, а во храмот „Света Троица“ Светата Богослужба ќе започне во 07 часот.
На 08.01.2021 година во храмот „Свети Пророк Илија“ и во храмот „Света Троица“ Светата Богослужба ќе започне во 07:30 часот.
На 09.01.2021 година Трет ден Божиќ, во 07 часот – Света Архиерејска Богослужба, ЕДНОЦРКВИЕ во храм „Свети Пророк Илија“ во Радовиш.
Со Богослужбата ќе чиноначалствува, Митрополитот Брегалнички господин Иларион. По тој повод од Црковниот храм „Свети Пророк Илија“ ги покануваат верниците да присуствуваат на Богослужбата, почитувајќи ги мерките и препораките за заштита од Ковид – 19.
Божиќ или Рождество Христово е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.

Поврзани содржини
Радовиш
40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

Published
15 hours agoon
January 27, 2021By
Media Press
Донација на уште 40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
„ Многу им благодариме на нашите соработници од МЦГО Проектот ,,Јакнење на мултиетничка интеграција меѓу општините” за оваа прекрасна донација. Со ова сите наши ученици имаат уреди за следење на online настава, а наставниците можност за успешно реализирање на образовните цели!“, вели директорката на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова.
Таа додава дека секое дете има право на образование! Секое дете мора да биде рамноправно со своето другарче! Иднината на општеството зависи од тоа колку вложуваме во образованието! Во ова новонастаната ситуација големината на човечките срца е од огромно значење.

Радовиш
Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Published
2 days agoon
January 26, 2021By
Media Press
Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака.
Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим.
“Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.
Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим.
Радовиш
Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш

Published
2 days agoon
January 26, 2021By
Media Press
Доделени се 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш за потребите на онлајн наставата.
Таблетите се наменети за ученици од социјално-ранливи семејства кои се соочуваат со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и истите ги додели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.
Како што информираат од општината таблетите се донација од “Макпетрол” АД Скопје, која како општествено одговорна компанија ги донирала на Општина Радовиш од каде се доставени за потребите на училиштетото.


ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
