Connect with us

Македонија

Почна увидот во опожарениот Глобал во Струмица во кој беа зафатени дваесетина дуќани, од ВМРО -ДПМНЕ бараат одговорност

Media Press

Published

on

Тим на струмичкото јавно обвинителство заедно со полицијата и инспектори од дирекцијата за заштита и спасување од денеска го започнаа увидот во опожарениот дел на трговскиот центар Глобал. Во пожарот беа  зафатени дваесетина дуќани и голем број на тезги од градскиот пазар при што е направена голема материјална штета

„Пожарот во ТЦ Глобал отвара прашања поврзани и со неговата градба и со неговото стопанисување“ реагираат од ВМРО ДПМНЕ по настанатиот пожар пред два дена

,, Како е возможно објект со кој што стопанисува ЈП Комуналец Струмица, да нема исправни хидранти, односно дали е точно и дали е возможно тие да се несоодветни и да се нестандардни за употреба при пожар?

Второ, ако законски сите правни субјекти се должни еднаш годишно да ги баждарат, да ги проверуваат Противпожарните апарати, како е возможно и кој треба да ја понесе одговорноста за тоа што во објектот се вградени несоодветни хидранти, дали и кога тие се проверени?,, рече Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО -ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев п- при неговата посета на трговскиот центар Глобал во Струмица најави помош, но и организирана акција за расчистување на просторот, која треба да започне веднаш по увидот.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Владата ќе дели средства за сончеви колектори, печки на пелети, пвц прозорци и фотонапонски панели

Media Press

Published

on

На предлог на Министерството за економија, на последната седница на Владата беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година. Според истата, предвидено е средствата од дел I на оваа програма во вкупен износ од 52.000.000,00 денари да се користат за следните мерки:
1. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 6.000.000 денари;
2. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 2.000.000 денари за лица со ниски примања; 
3. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000.000 денари;
4. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
5. надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11.000.000 денари;
6. надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
7. надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 8.000.000 денари.


Корисници на оваа програма во категоријата на  лица со ниски примања се:
а) лицата со ниски примања кои се вработени или едниот брачен другар да е вработен и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 30.000,00 денари.
б) лицата со ниски примања  кои се пензионери или едниот брачен другар да е пензионер и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 20.000,00 денари;
в) ранливи потрошувачи како што се дефинирани во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2021 година.
Надоместокот на дел од средствата од дел II од оваа програма ќе го остварат лицата кои досега не користеле средства од Буџетот на РС Македонија за наведените мерки во дел II од оваа програма, информираат од владината прес служба..

Continue Reading

Македонија

За 66% намален бројот на туристи во ноември 2020 во однос на ноември 2019 година

Media Press

Published

on

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2020 година изнесува 21 516, а бројот на ноќевањата изнесува 48 182.

Бројот на туристите во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 66.6 %, а бројот на ноќевањата е намален за 64.5 %.

Бројот на домашните туристи во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 24.9 %, а бројот на странските туристи е намален за 87.3 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 34.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 84.0 %.

Во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 61.2 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 20.3 %, а кај странските има намалување за 84.4 %.

Во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 47.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 14.7 %, а кај странските има намалување за 84.1 %.

Continue Reading

Македонија

190 нови случаи на Ковид -19 од 1530 тестирања, 6 починати лица

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 71-Куманово 19-Тетово 6-Прилеп 12-Гостивар 3-Штип 6-Битола 1-Велес 6-Охрид 5-Струмица 6-Кавадарци 8-Струга 11-Кочани 1-Кичево 8-Гевгелија 4-Неготино 8-Дебар 3-Ресен 7-Делчево 2-Радовиш 1-Пробиштип 2.

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (60,74,44 и 86г), еден од Куманово (72г) и еден пациент од Гостивар (64г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2009 оздравени пациенти од:-Скопје 1356-Куманово 51-Тетово 115-Прилеп 11-Гостивар 71-Штип 21-Битола 33-Велес 33-Охрид 81-Струмица 27-Кавадарци 41-Струга 33-Кочани 8-Кичево 22-Свети Николе 8-Гевгелија 10-Дебар 10-Крива Паланка 7-Ресен 14-Радовиш 2-Берово 1-Делчево 17-Виница 10-Пробиштип 2-Валандово 1-Демир Хисар 6-Македонски Брод 2-Богданци 2-Крушево 1-Македонска Каменица 11-Демир Капија 1-Дојран 1.

Досега во земјата се направени вкупно 431.712 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88938, бројката на оздравени пациенти е 73601, на починати е 2702, а бројот на активни случаи изнесува 12635.


Continue Reading