Connect with us

Македонија

245 работодавачи кои примиле финансиска поддршка од државата, не ја исполниле обврската за исплата на плата

Media Press

Објавено на

245 работодавачи кои примиле финансиска поддршка во износ од 12.208.833 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата, информираше директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на прес-конференција. Таа ја информираше јавноста за искористеноста на мерката Финансиска поддршка за исплата на плати за месец ноември 2020 година и притоа рече дека се поднесени 13.851 барање БФП-ИП/2, на 13.178 работодавачи и се исплатени вкупно 1.028.448.344 денари, за 65.960 вработени.

Со состојбата на 31.12.2020 година, 245 работодавачи кои примиле финансиска поддршка во износ од 12.208.833 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 782 вработени.

„За нив изготвени се и доставени опомени за неисплатената плата. По истекот на рокот од опомената, против оние работодавачи кои нема да ја исплатат платата, ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата“ рече Лукаревска.

Ноемвриска плата не исплатиле а примиле финансиска поддршка се работодавачи од дејностите:

43 работодавачи од дејноста трговија на мало, кои  примиле финансиска помош од 1.295.978 денари и на 84 вработени не исплатиле плата,
37 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна примиле помош од 1.656.803 денари и на 108 вработени не исплатиле плата,
22 фирми од дејноста транспорт, примиле помош од 1.983.508 денари и на 127 вработени не исплатиле плата.

Тука влегуваат и дејностите градежништво, трговија на големо, трговија на големо и мало со моторни возила и моторцикли и производство со прехранбени производи. По региони најмногу фирми што не исплатиле плата се од  Скопје 73 фирми, Тетово 21 и Гостивар 10.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе