Connect with us

Струмица

Заев во посета на Струмица по пожарот во „Глобал”: Заедницата ќе покаже солидарност и со акција на дело сите ќе помогнеме Струмица да се врати во нормала

Media Press

Published

on

Премиерот Зоран Заев денеска во Струмица изврши увид на штетата која е направена по пожарот кој синоќа го зафати Трговскиот центар  „Глобал“.

При увидот беше изразено големо жалење за страшната слика од остатоците на пожарот, кој зафатил продавници во приземјето и се проширил на првиот кат и пазарот.

Премиерот Заев изрази жалење за сериозната катастрофа и несреќа која го зафати објектот на трговскиот центар.



„ Со голема вознемиреност ја примив веста за пожарот кој го зафати трговскиот центар „Глобал“ во мојата родна Струмица. Објектот е во густо населено подрачје и можеа да видат граѓаните каква огнена стихија се случуваше. Материјалните штети се огромни, нанесени се непоправливи економски штети, на деловните субјекти кои живеат и работат овде и од тука ја вадат својата егзистенција. Добро е што нема повредени и човечки жртви“, рече премиерот Заев.

При увидот беше и изразена голема благодарност до пожарникарните служби, на Струмица, како и од околината, Кавадарци, Штип, Валандово и Радовиш кои несебично се заложија да се локализира пожарот и за среќа немаше човечки жртви. 
„Голема благодарност до противпожарните бригади кои до 4 наутро се бореа со пожарот. Благодарни сме за пожртвуваноста која ја покажаа и струмичките но и пожарникарите на околните општини“, изјави премиерот Заев.

„Глобал“ е симбол на модерна Струмица, струмичкиот пазар е место каде се собираат струмичани и живее струмичкиот дух“, рече Заев најавувајќи солидарност и сплотеност од страна на заедницата, бизнис секторот, институциите и општината како и сите граѓани.

„Секој ќе помогне на секој можен начин! Сите заеднички ќе помогнеме!“, рече премиерот ветувајќи помош и од институциите за санирање на материјалните штети.

Тој подвлече дека сега за Божиќните празници, сите граѓани и институции ќе покажат солидарност и заедништво и упати порака до оштетените граѓани дека веднаш уште утре, ќе се организира масовна солидарна и работничка акција за што поскоро да се врати животот на струмичани во нормала.

Струмица

Формирано Здружение „Обнова Глобал“ за санација на опожарениот Глобал во Струмица

Media Press

Published

on

За санација и обнова на Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е формирано Здружение „Обнова Глобал“ кое ќе се обрати до сите општински и државни институции и до стопанските комори за да донираат средства на отворената солидарна сметка, информираше денеска Илија Митревски од ова Здружение.

,, Пожарот за неколку часа уништи стотици деловни простории, дуќани и тезги како и нивните основни и обртни средства. Штетите се во милиони евра. Здружението Обнова Глобал е формирано со цел обнова и санација на Глобал. Како формално правен субјект ќе се обрати официјално до сите релевантни општински и републички институции, до владата, а преку сите стопански комори и до приватниот сектор , да донираат на веќе формираната наменска сметка за обнова и санација на трговскиот центар Глобал,“ рече Илија Митревски од Здружението обнова Глобал.

Тој додаде дека собраните средства на најтранспарентен начин ќе се распределат за обнова на трговскиот центар, но и на сопствениците на продавници и тезги според проценката на штетата на стоката.

Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 овој месец, опожарен е голем дел од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а урнат е и дел од покривот.

Continue Reading

Струмица

Во две акции на СВР Струмица откриени се 13 возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол

Media Press

Published

on

Струмичката полиција спроведе две последователни акции на подрачјето на СВР Струмица за контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Во првата акција спроведена на 13.01.2021 со почеток во 17:00 до 01:00 часот после полноќ биле откриени 65 прекршоци. Регистрирани биле двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол како и 63 други прекршоци.

Во втората акција спроведена на 14.01.2021 со почеток во 11:00 до 18:00 часот, подрачјето на СВР Струмица се откриени 62 прекршоци, од кои 11 по акциската контрола односно 11 возачи се управувале со возило под дејство на алкохол и 51 останати прекршоци.

Сите прекршоци се соодветно санкционирани.

Continue Reading

Струмица

Струмица доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста, Уметничка галерија под градскиот плоштад

Media Press

Published

on

Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“ во Струмица.

Пренамената се изврши на просторот под градскиот плоштад, изграден како дел од градската скривница, кој порано се користеше за регистрација на бракови, а потоа имаше и други намени. Со тоа градот доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста и културата.

Вкупната корисна површина на пренаменетиот простор изнесува 319 метри квадратни, а има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење, санитарни јазли, а ќе биде и место и каде што ќе може да се организираат приеми, промоции и слични настани.

Вкупната вредност на проектот е 7.436.138 денари, средства обезбедени од општина Струмица и Министерството за култура.

Паралелно со овој проект се реализира и изградбата на настрешница на влезот во Уметничката галерија, која се очекува да заврши во текот на месец март оваа година кога и официјално галеријата ќе биде пуштена во работа.

Continue Reading