Црковниот храм свети Пророк Илија во Радовиш добива сосема нов лик, по реновирањето деновиве започна фрескоживописот на храмот
Црковниот храм Свети Пророк Илија добива сосема нов лик со реновирањето на внатрешноста на црквата и фрскоживописот.
Откако заврши првата фаза со реновирањето кое започна од пред неколку месеци, деновиве се врши фрескоживописот на самата црква, со средства од донации. Од црковниот храм апелираатдо верниците да донираат и да помогнат да се заврши комплетното фрескоживописување на храмот.
„Во првата фаза од реновирањето на црковниот храм Свети Пророк Илија се изврши обнова на подот преку поставување на подно греење и нови подни плочки, беше извршено реновирање на ѕидовите и плафонот преку замена на старата мелтерија и нанесување на нова и глетување, за да може да се подготви површниата на ѕидовите за фрескоживописот. Овие денови се започна токму со цртање на фрескоживописот на храмот, за што се потребни дополнителни донации“, изјави свештеник Стојанче, претседател на Црковното настојателство во храм Свети Пророк Илија во Радовиш . Тој апелира и до верниците во стрнаство доколку се во можност да донираат и со тоа да помогнат да се заврши втората фаза со фрескоживописот на храмот.
Оние граѓани кои ќе донираат за цртање на фреските ќе бидат запишани и како донатори на самите фрески со што ќе бидат дел од историскиот момент на Светата црква. За претстојните празници во Свети Пророк Илија ќе се одрживаат традиционалните божествени литургии, единствено ќе биде изоставена бадниковата литија на дечињата.