Connect with us

Радовиш

Рудникот Боров дол ги додели последните новогодишни подароци за дечињата од Општина Конче

Media Press

Published

on

Рудниците Бучим и Боров дол ги доделија и последните новогодишни пакетчиња предвидени за оваа година како новогодишен подарок за дечињата.

Во петокот беше доставена последната донација до црвен крст Радовиш, од рудникот Боров дол, од каде понатаму се распределени до дечињата во општина Конче.

Оваа година, рудниците Бучим и Боров дол, донираа над 1.000 новогодишни пакетчиња кои  беа подарени на дечињата, во  детската градинка “Ацо Караманов” во Радовиш, на детската градинка “12-ти Јули” во Конче, на децата на вработените во рудниците Бучим и Боров Дол, на децата во домот за згрижување на деца без родители Емануел, на децата на членовите на здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност – Радовиш и на корисниците на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака.

Оваа е традиционална, предновогодишна активност на рудникот Бучим, а од годинава и на рудникот Боров дол, со што ќе бидат израдувани уште повеќе дечиња.

Радовиш

40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

Media Press

Published

on

Донација на уште 40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

„ Многу им благодариме на нашите соработници од МЦГО Проектот ,,Јакнење на мултиетничка интеграција меѓу општините” за оваа прекрасна донација. Со ова сите наши ученици имаат уреди за следење на online настава, а наставниците можност за успешно реализирање на образовните цели!“, вели директорката на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова.

Таа додава дека секое дете има право на образование! Секое дете мора да биде рамноправно со своето другарче! Иднината на општеството зависи од тоа колку вложуваме во образованието! Во ова новонастаната ситуација големината на човечките срца е од огромно значење.

Continue Reading

Радовиш

Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Media Press

Published

on

Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака. 

Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим. 

Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим. 

Continue Reading

Радовиш

Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш

Media Press

Published

on

Доделени се 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш за потребите на онлајн наставата.

Таблетите се наменети за ученици од социјално-ранливи семејства кои се соочуваат со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и истите ги додели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

Како што информираат од општината  таблетите се донација од “Макпетрол” АД Скопје, која како општествено одговорна компанија ги донирала на Општина Радовиш од каде се доставени за потребите на училиштетото.

Continue Reading