Connect with us

Македонија

Вчера беше извршен свечен прием на 200 нови професионални војници

Media Press

Published

on

Вчера во касарната „Илинден“ во Скопје беше извршен свечен прием на 200 нови професионални војници. На приемот присуствуваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска која им посака добредојде на војниците во редовите на Армијата.

„Заокружуваме исклучително успешна година во одбраната, година на нашиот прием во НАТО по тридецениски стремеж, и затоа со гордост можам да ви кажам добредојдовте во Армијата, која што е членка на Алијансата. Фактот што вие 200 војници сте одбрани од пријавените околу 1.800, кажува дека сте доволно упорни и посветени за еден ден да израснете во докажани професионалци во Армијата“, рече министерката во обраќањето кон новите војници.

Министерката рече и дека инвестирањето во Армијата започнува со инвестирањето во човечкиот потенцијал и дека е зголемен интересот меѓу младите за место во Армијата и дека веќе во првото полугодие од 2021 година ќе биде распишан оглас за уште 250 професионални војници.

„Армијата води грижа за своите припадници. Да се биде дел од Армијата значи да се има финансиска стабилност и можност за кариера. На првиот конкурс пред три години за 125 места се пријавија околу 200 кандидати. Но кога почнаа нашите вложувања во Армијата, вложување во опрема, плати и додатоци на плати, сликата драстично се смени и на почетокот на оваа година за 70 места се пријавија 700 кандидати. На конкурсот, пак, што го распишавме за вас 200, се пријавија над 1.800 кандидати“, истакна Шекеринска и посочи дека се почнати и курсеви за произведување на подофицерски кадар и дека Армијата ќе добие 120 нови подофицери.

На приемот на новите професионални војници присуствуваше и началникот на Генералштабот на Армијата Васко Ѓурчиновски и заменикот – министер Башким Хасани, кои заедно со министерката и со членови на армискиот врв им ги врачија договорите на младите војници.

Македонија

Денеска се прославува празникот Собор на Свети Јован Крстител

Media Press

Published

on

.Црквата утврдила овој празник да се прославува веднаш по Богојавление. Иако Св.Јован се прославува неколку пати во годината  неговиот собор  односно најзначаен празник се прославува токму на денешен ден. По тој повод беше одржана света Божествена литургија во  двата црковни храма во Радовиш.

 Свети Јован е убиен од  страна на  Ирот по желба на неговата внука.  На овој празник голем број верници присуствуваат на утринска божествена литургоија.

Овој ден се празнува веднаш по празнувањеро на големиот христијански празник Богојавление кој се прославува во чест на крштевањето на Исус Христос  од страна  на Св Јован во реката Јордан, па по тој повод се осветуваат сите води со фрлањето на светиот крст во нив.   Денеска празнуваат оние кои го носат името Јован, Јована и слично.

Во младоста, Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години, тој ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Според евангелистот Лука, Јован ја започнал својата проповед во 15 година од царувањето на Тибериј, во времето на јудејскиот намесник Понтиј Пилат и Ирод Антипа. Првичното место на служба му била јорданската пустина, а потоа јорданскиот брег. Тој често проповедал:

По мене иде Посилен од мене; пред Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата на Неговите обувки. Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух

Во тоа време, Исус се подготвувал за својата мисија. Но, според тогашните закони, учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус, кога наполнил 30 години, дошол на реката Јордан за да биде крстен. Јован, кој дотогаш не го имал видено, според евангелието, веднаш се сетил дека тој е Спасителот. Во почетокот, Јован го одвратил, велејќи му: „Јас треба од тебе да бидам крстен, а ти при мене ли доаѓаш?

Но, кога Исус му рекол: „Остави го сега тоа зошто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“, Јован го крстил, во водата.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко го критикувал неморалот, лагите и развратот, кои во тоа време во Римското Царство го достигнале својот врв. Посебно на удар на неговите критики бил управникот на Галилеја, Ирод Антипа. Тоа бил синот на стариот Ирод, оној што наредил да се заколат сите деца во Витлеем во времето кога требало да се роди Исус Христос. Ирод Антипа бил оженет со ќерката на еден арапски кнез, по име Арета. Но тој, ја истерал својата законита жена и се оженил со својата снаа Иродијада, жената на својот брат Филип, кој бил жив. Иродијада со себе ја довела и својата ќерка од првиот брак Саломија. Тоа не го дозволувале ниту законите на Мојсеј, а Јован жестоко го критикувал: „Не ти личи да ја земеш жената на брат ти“

Особено лута и осветољубива била Иродијада. И таа чекала прилика да му се освети. Еднаш, кога Ирод организирал прослава на својот роденден со присуство на мноштво народ, меѓу кои и највидните државни првенци, кога обилно се пиело вино, кога се играло и пеело, одеднаш се појавила Саломија, ќерката на Иродијада, која што со својата игра толку го занесла Ирода што тој и ветил дека во тој момент ќе и исполни секаква желба, ќе и даде сè што ќе посака, дури и да се работи за половината од царството. Саломија не знаела што да посака, па отишла да се посоветува со својата мајка. Пакосната мајка, која долго го чекала овој час (зашто не можела да му го прости јавното разобличување), веднаш ѝ рекла да ја побара главата на Јован. Кога Саломија тоа му го соопштила на Ирода, тој се изненадил, но ветувањето дадено пред многу народ го обврзувало и морал да го исполни. За кусо време, девојката ја имала на послужавник главата на Свети Јован, која ја предала на својата мајка. И по неговата смрт, Иродијада продолжила да се изживува над мртвото тело на Св. Јован, бодејќи го неговиот јазик со игли. Според преданието, телото на Јован го зеле неговите ученици и го погребале, а главата ја зела Иродијада, која ја закопала во дворецот на Ирод, плашејќи се наводно да не може да воскресне Јован. Сепак, еден чесен дворски слуга ја закопал главата на светецот.

Continue Reading

Македонија

Рестораните и другите угостителски објекти од утре ќе работат до 21 часот

Media Press

Published

on

од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот. Владата донесе одлука на вчерашната 40-та седница, а по препорака на Комисијата за заразни болести, да се измени одлуката на работното време на рестораните и другите угостителски објекти.

Со одлуката се враќа работното време на овие објекти утврдено со претходната одлука, односно тие ќе можат да работат до 21:00 часот, со исклучок на рестораните и другите угостителски објекти на аеродромите, на бензинските пумпи и во хотелите кои од 21 јануари ќе можат да работат со редовното работно време согласно законот.

Continue Reading

Македонија

ВМРО: Владата на СДСМ не запира со манипулација на пензионерите

Media Press

Published

on

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ја информирше јавноста дека со јануарската пензија, пензионерите ќе го добијат усогласувањето на пензиите по Закон, што според неа значи „зголемување“ на минималната пензија за 134 денари, а просечната за 185 денари месечно.

Ова е уште една ноторна лага и класично непознавање на проблематиката, како и манупулација со пензионерите, земајќи во предвид дека наместо покачување на пензиите, сега се случува континуирано намалување на стандардот на пензионерите, односно реално нивно осиромашување.” – стои во соопштението на политичката партија ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува манипулацијата на СДСМ со пензионерите, ја повикува Владата да ги исполни ветувањата кон пензионерите и да направи реално покачување на пензиите преку што би се подобрил стандардот на живеење на оваа категорија на граѓани. Пензионерите не заслужуваат лага и манипулација, а ние како политички партии потребно е да покажеме грижа и да се бориме за нивни мирни и достоинствени пензионерски денови.

Continue Reading