Connect with us

Радовиш

Јана Јованова од Радовиш, со три нови интернационални Први Награди во пијано натпревари, за помалку од еден месец

Media Press

Published

on

Пред крајот на оваа невообичаена 2020 година, младата пијанистка Јана Јованова од Радовиш, повторно е добитник на уште три Први Награди на интернационални пијано натпревари и тоа во помалку од еден месец.

Во втората половина на месец ноември за прв пат беше организиран интернационален музички натпревар „Сергеј Михајлов“ во Штип под покровителство на министерството за култура на Македонија на кои земаа учество ученици од земјава и странство, поделени по инструменти и возрастни категории. Очекувано, Јана во својата категорија на инструментот пијано освои Прва Награда.

За кратко време потоа следуваше ПИЈАНОФЕСТ во Битола – натпревар исклучиво за инструментот пијано на кој земаа учество околу 150 натпреварувачи, од 19 земји од Европа и светот. И овој натпревар исто така беше поддржан од министерството за култура на Македонија. И овде Јана Јованова ја освои Првата Награда во својата категорија.

Пред само неколку дена Јана учествуваше и на интернационалниот пијано натпревар: Меморијал „Сања Павловиќ“ во Алексинац – Србија заедно со уште 189 кандидати – натпреварувачи од 21 држава од Европа, Азија и Америка. И повторно, гордоста на радовишани, Јана Јованова се здоби со нова Прва Награда.

Во текот на 2020 година, Јана Јованова учествуваше и освои Први Награди на десетина интернационални светски натпревари, повеќето од нив организирани надвор од нашата држава. На сите тие натпревари таа гордо ги претставуваше нејзиното училиште, менторот како и најважно од се, општината Радовиш.

Колку за потсетување, Јана беше Лауреат на светски натпревар во Русија и како една од победниците доби официјална покана во 2021 година да настапи во престижниот Карнеги Хол во Њујорк.

За жал како што велат родителите на Јана, за нејзините активности во текот на оваа 2020 година, досега нема добиено никаква финансиска помош од Општина Радовиш.

Тие искрено се надеваат дека општината во иднина ќе најде начин за поддршка на сите деца со ваков исклучителен талент и извонредни успеси.

Радовиш

40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

Media Press

Published

on

Донација на уште 40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

„ Многу им благодариме на нашите соработници од МЦГО Проектот ,,Јакнење на мултиетничка интеграција меѓу општините” за оваа прекрасна донација. Со ова сите наши ученици имаат уреди за следење на online настава, а наставниците можност за успешно реализирање на образовните цели!“, вели директорката на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова.

Таа додава дека секое дете има право на образование! Секое дете мора да биде рамноправно со своето другарче! Иднината на општеството зависи од тоа колку вложуваме во образованието! Во ова новонастаната ситуација големината на човечките срца е од огромно значење.

Continue Reading

Радовиш

Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Media Press

Published

on

Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака. 

Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим. 

Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим. 

Continue Reading

Радовиш

Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш

Media Press

Published

on

Доделени се 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш за потребите на онлајн наставата.

Таблетите се наменети за ученици од социјално-ранливи семејства кои се соочуваат со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и истите ги додели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

Како што информираат од општината  таблетите се донација од “Макпетрол” АД Скопје, која како општествено одговорна компанија ги донирала на Општина Радовиш од каде се доставени за потребите на училиштетото.

Continue Reading