Connect with us

Регион

Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, во Југоистокот ваква поддршка добиле 14 земјоделци

Avatar

Published

на

Поддршка до 20 илјади евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство  добија 265  млади земјоделци. Вкупната вредност на оваа мерка е 190 милиони денари или 3,1 милиони евра. Сите одобрени пликации добиваат до 20 илјади евра неповратни средства за реализација на предложените инвестиции, инфомираат од Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделието.

Според инфомрациите од Агенцијата, во Југоистокот ваква поддршка добиле само  14 земјоделци на возраст до 40 години, од 7 општини и тоа, во Радовиш -3, Конче-2, Босилово-2, Ново Село-2, Валандово-2, Гевгелија-2 и Богданци-1.


Целта на оваа мерка како што посочуваат од Агенцијата е да се поттикнат младите луѓе да останат во земјата и да ги реализираат инвестициите за модернизирање на земјоделските стопанства, што значи намалување на производните трошоци и зголемување на конкурентноста.

Инаку минатата година, преку мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделско стопанство“, која се однесува на младите земјоделци до 40 години, финансиската поддршка изнесувала 10. 000 евра. Со измената на Законот за земјоделство и рурален развој, финансиската поддршка е зголемена за 100% и сега изнесува 20.000 евра.

прикажи повеќе
Advertisement

Регион

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш

Avatar

Published

на

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, биле констатирани при спроведената акција на СВР Струмица во текот на вчерашниот ден.

Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Струмица, 15 во Валандово и 10 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе