Регион
Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, во Југоистокот ваква поддршка добиле 14 земјоделци

Published
3 weeks agoon
By
Media Press
Поддршка до 20 илјади евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство добија 265 млади земјоделци. Вкупната вредност на оваа мерка е 190 милиони денари или 3,1 милиони евра. Сите одобрени пликации добиваат до 20 илјади евра неповратни средства за реализација на предложените инвестиции, инфомираат од Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделието.
Според инфомрациите од Агенцијата, во Југоистокот ваква поддршка добиле само 14 земјоделци на возраст до 40 години, од 7 општини и тоа, во Радовиш -3, Конче-2, Босилово-2, Ново Село-2, Валандово-2, Гевгелија-2 и Богданци-1.

Целта на оваа мерка како што посочуваат од Агенцијата е да се поттикнат младите луѓе да останат во земјата и да ги реализираат инвестициите за модернизирање на земјоделските стопанства, што значи намалување на производните трошоци и зголемување на конкурентноста.
Инаку минатата година, преку мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделско стопанство“, која се однесува на младите земјоделци до 40 години, финансиската поддршка изнесувала 10. 000 евра. Со измената на Законот за земјоделство и рурален развој, финансиската поддршка е зголемена за 100% и сега изнесува 20.000 евра.
Поврзани содржини
Македонија
Колку паушал земаат општинските советници

Published
1 week agoon
January 13, 2021By
Media Press
Според анализата на opendata.mk, висината на општинските советници ја чинат државата околу 3,5 милиони евра годишно. Годишните трошоци за исплата на надоместоците на советниците на локалната самоуправа во земјава изнесуваат над 215 милиони денари, односно над 3,5 милиони евра.
Овие податоци се од анализата за 2019 година, од добиениените податоци од општините, за висината на месечните надоместоци на советниците и бројот на одржани седници. Вкупниот број на советници во сите 80 општини и Градот Скопје достигнува 1.319.
На ниво на државата, најголеми годишни трошоци за советниците од 214 илјади евра одделува Градот Скопје. Следува Куманово со одделени околу 115 илјади евра месечни надоместоци. Понатаму во табелата се наоѓаат Тетово, Битола и Гостивар со годишни трошоци од околу 104 илјади евра од локалната самоуправа. Последни на листата со најниски трошоци за граѓаните се општините Новаци и Конче со по 16 илјади евра, Зрновци со околу 14 илјади евра и Вевчани со близу 9 илјади евра годишни трошоци за советниците.
Општина Радовиш за своите 20 советници годишно одделува околу 3.5 милиони денари или околу 58000 евра од локалната самоуправа. Членовите на советот на општината земаат паушал од околу 14.500 денари додека претседателот на советот добива околу 20.000 денари.
Најмногубрен совет од регионот има Општина Струмица каде брои 23 членови воедно и тие имаат највисоки паушали од околу 17.000 денари и претседател на советот со околу 22.000 денари паушал на месечно ниво.
Најниски паушали од регионот има Општина Конче, каде советниците земаат по околу 9000 денари, а претседателот околу 11.500 денари паушал.
Македонија
Санкционирани 319 лица за неносење заштитна маска

Published
1 week agoon
January 12, 2021By
Media Press
Во текот на изминатото деноноќие (11/12.01.2021 година) на територијата на државата по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 319 прекршоци. Во Југоисточниот регион се забележани само 12 прекршоци, што значи дека граѓаните се навикнаа да носат маски.
Но и покрај намалениот број на прекршоци во споредба од пред неколку дена, кога беа регистрирани и по 700 до 800 прекршоци за едно деноноќие Министерството за внатрешни работи, сепак апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Казната за непочитување на оваа мерка е 20 евра во денарска противредност.
Регион
Акциска контрола на СВР Струмица за возење под дејство на алкохол

Published
2 weeks agoon
January 4, 2021By
Media Press
Вчера во периодот од 12.00 до 20.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Во акциската контрола биле констирани 13 прекршоци, од кои еден по акциската контрола и 12 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани.
Во истиот временски период била спроведена и акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што се констатирани 62 прекршови, од кои 50 по акциската контрола и 12 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

Мицковски: Владата ниту подарените вакцини неможе да ги примени

Државен Завод за статистика: Просечната ноемвриска нето плата била 27.588 денари

Џо Бајден го прекина процесот на излегување на САД од СЗО

Левица поднесе Претставка до Уставен суд
