Connect with us

Uncategorized

Нема промена на цените на горивата на бензинските станици

Media Press

Published

on

На последната седница на Регулаторната комисијата за енергетика е донесена одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), да не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 21.12.2020 година.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 60,50 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува 62,50 денари за литар. Исто така малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се променува и останува 53,00 денари за литар.

Промени во малородажната цена има на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и Мазутот М-1 НС. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денари за литар, и ќе изнесува 52,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,136 денари за килограм и ќе се продава по 28,701 денари за килограм.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9562,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9863,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)53,50 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС29,651 (денари/килограм)