Радовиш

Новогодишни пакетчиња донација за Црвен крст во Радовиш, од Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора Инженеринг

Компанијата Адора Инженеринг и семејството на  проф. Д-р Ванчо Чифлиганец и годинава не ги заборавија дечињата од Општина Радовиш, во пресрет на новогодишните празници. Донација од околу 150 новогодишни пакетчиња денеска беше доставена до  Општинската организација на Црвен крст во Радовиш,  од каде ќе бидат распределни до дечињата на ранливите категории граѓани.  Професор д-р Чифлиганец денеска лично им подари пакетчиња на корисните во Дневниот центар за лица со попреченост „Порака“, од каде му изразија благодарност за ваквото внимание.

Секогаш ми е драго кога доаѓам во Радовиш, ова е местото каде го поминав моето детство и младоста и каде имам многу пријатели, моите сограѓани од Радовиш и од Раклиш. Секогаш кога сум во можност помагам. Така и денеска на моја иницијатива го посетивме Црвен крст и центарот Порака и дониравме пакетчиња за децата, да ги израдуваме за новогодишните празници“, рече Чифлиганец при денешната посета на Црвен крст во Радовиш.

Секретарот на Црвен крст во Радовиш Верица Беќарова се заблагодари на комапнијата Адора Инженеринг и на проф. Д-р Ванчо Чифлиганец, како и на останатите компании и здруженија кои донираа во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago