Connect with us

Македонија

Спасовски: Исчезнаа огласите за групни прослави за Нова Година, за Водици ќе се договориме со верските лидери

Media Press

Published

on

„Исчезнаа огласите за групни прослави за Нова Година, за Водици ќе се договориме со верските лидери. Веќе започнавме во секторот за превенција активно да работиме деновиве и проверуваме кој кому издава викендици, куќи, локали… изјави министерот Оливер Спасовски, на телевизија 24 и апелираше за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје.

„Се согласувам дека не постои забрана да издадете викендица, но на едно семејство, на четири, пет, шест лица, тоа не е проблем, но проблем е дека издаваат за 20, 30, па и 40 луѓе. И сега драстично е намален бројот на огласите откако започнавме со апели и проверки. Ние имаме посбен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари. Затоа апелирам ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност“, вели Спасовски. 
Министерот нагласи дека полициското присуство секогаш било засилено околу Нова Година и другите празници во текот на јануари  затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир. 

„Имаме сериозни планови за покривање на теренот. Секоја година опаѓа трендот на нарушување на јавниот ред и мир, лани особено имавме мал број на пријави и инциденти. Ова е момент да празнуваме дома и затоа очекувам дека и годинава се ќе биде во најдобар ред. Што се однесува до верските празници кои следуваат, ние ќе се обидеме да разговараме со верските заедници, со Комисијата за односи меѓу верските заедници, но и да одржиме состанок во Влада ако има потреба. На крајот мораме да донесеме решение кое нема да го загрози здравјето на луѓето.“- истакна Спасовски. 

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

Media Press

Published

on

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТМВ: На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за движење на тешки товарни возила, а се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.

Поради интензивни врнежи од снег од 12:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец К.Паланка – граничен премин Деве Баир.

Од 13:00 часот поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Маврово.

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

 Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете ТУКА.

 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Media Press

Published

on

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватната лабораторија на клиниката Жан Митрев во Скопје, при анализа на примероци од јануари. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата. Лабараторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот.

„Според информацијата која ја проследија до Министерството за здравство, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2“, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Continue Reading

Македонија

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

Media Press

Published

on

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, ќе биде квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.

Воспоставувањето на Националниот регистар за вистински сопственици ќе даде дополнителен квалитет во однос на транспарентноста на домашниот пазар но, e и алатка во борбата со перење на пари и финансирање на тероризам. Регистарот има за цел евидентирање и обезбедување точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на правните субјекти. Регистарот претставува најсовремено технолошко решение, со бројни логички контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство“, истакна заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешната прес конференција.

Регистарот претставува најсовремено технолошко решение, со бројни контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство и со него во периодот што следува, институциите во државата добиваат уште една квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам. Вицепремиерот Николовски посочи дека целта на регистарот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно  да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја, скриен зад комплексна слоевита правна структура.

„Доколку органите на истрагата и на прогонот немаат можност за јасна идентификација на сторителите на кривични дела, тие остануваат немоќни во процесот на нивното гонење и изведување пред правдата, што придонесува овие криминални шеми дополнително да се продлабочуваат. Токму во овој контекст, една од главните алатки за справување со овој ризик е овозможување на транспарентност на ниво на вистински сопственици на правните лица. Тоа подразбира идентификување на физичките лица кои директно или индиректно остваруваат управувачка или контролна улога во едно правно лице, односно на било каков начин имаат крајно и ефективно влијание во работењето и управувањето на истото“, изјави вицепремиерот Николовски.

Continue Reading