Connect with us

Македонија

Царовска: Со новата концепција сакаме да го постигнеме полниот потенцијал кај секое дете

Media Press

Published

on

Министерката за образование и наука Мила Царовска, на онлајн состанок со граѓанските организации денес разговараа за новата концепција за основно образование. На состанокот беше истакнато дека граѓанските организации се важен партнер на министерството во носењето на сите реформски процеси, вклучувајќи ја и новата концепција со којашто ќе се постигнат темелни промени во основното образование.

„Овие консултативни состаноци ги оргaнизираме со сите засегнати страни со цел да создадеме концепција којашто ќе биде прифатена од сите, а е во најдобар интерес на децата. Со новата концепција сакаме да го постигнеме полниот потенцијал кај секое дете и низ образовниот процес да создадеме граѓанки и граѓани кои ги почитуваат вистинските граѓански вредности како што се родова еднаквост, толеранција и ненасилството. Интегрираните наставни програми не се новина и постојат во најразвиените современи образовни системи. Овие програми позитивно влијаат на постигањата на учениците и им овозможуваат да го користат наученото и надвор од границите на определен предмет, да го користат своето знаење креативно и да развијат критичка мисла и ефективни стратегии за учење“, рече Царовска.

Министерката истакна дека новата концепција е само рамката според која се планира основното образованиe и не ги брише и менува содржините од наставните предмети. Изработката на поединечните наставни програми ќе следува по развојот и прифаќањето на Концепцијата. Наставните програми ќе бидат изработени од наставници, универзитетски професори и советници од Бирото за развој на образованието.

Минатата недела министерката одржа консултативни состаноци за концепцијата со директорите на училиштата, наставници, родители и ученици. 

Македонија

Изгласан Законот за попис на населението и домаќинствата

Media Press

Published

on

Собрането денеска со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, го усвои  Законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи пролетва во април.

Последниот попис се одржа во 2002 година што значи 19 години не е попишано населението во земјава.

Владејачката коалиција предводена од СДСМ доби поддршка за Законот од Алијансата за Албанците и Алтернатива, а против законот беше ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најави дека ќе бара негово поништување и започна со собирање потписи од граѓаните за поништување на законот.

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Во оваа сложена статистичка операција ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. За разлика од претходните, главната новина во овој попис е што ќе се спроведува со т.н комбиниран метод. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице во лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци.Пописот ќе се спроведува со електронски прашалници, со користење на ИТ- технологија, и според стандардите на Еуростат.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека во екот на пандемијата, кога десетици европски држави, меѓу кои се Германија, Шкотска, Ирска, Србија, Романија, Бугарија, го ОДЛОЖУВААТ пописот, Владата на СДСМ изведува политички инженеринг и ја турка Македонија во уште поголема рецесија и проблеми.

Continue Reading

Македонија

Царовска: Реформите се потребни, тие се во интерес и на децата и на нашите барања

Media Press

Published

on

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група денес се сретнаа со наставници од сите општини во државата со што го продолжија широкиот консултативен процес во врска со предложените реформи во основното образование. Консултациите за концепцијата продолжуваат и во наредниот период со различни групи засегнати страни.

Едни од главните теми коишто се наметнаа на дискусијата, а се и најбројни меѓу пристигнатите забелешки до МОН се динамиката со којашто ќе се спроведуваат реформите, како обуките коишто им претстојат на наставниците.

Наставниците се фокусот на оваа реформа и се вклучени во нејзиното создавање од самиот почеток. Тие имаат централно место во системот и од нив зависи квалитетот на целокупното образование. Затоа, тие беа вклучени од самиот почеток во дефинирањето на клучните промени кои ги бараат и кои самите знаат дека ќе го подобрат нивното работење, условите за работи и квалитетот на наставата. Јас сум горда што за прв пат овозможуваме кариерен развој за наставниците, нешто што беше клучно за да се зголеми мотивираноста кај нив и квалитетот на наставата. Се обврзуваме како министерство дека реформата ќе ја дочекаме подготвени и ќе дадеме максимум за секој да биде целосно мотивиран и спремен да почне со работа.“ Истакна министерката Царовска

Реформата во основно образование е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма. Во нејзината изработка беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите, учениците и родителите.

Continue Reading

Македонија

Мицковски: Владата ниту подарените вакцини неможе да ги примени

Media Press

Published

on

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во објава на неговата фејсбук страница напиша дека Владата нема план за вакцините и не може да ги примени ниту подарените.

„Пред еден месец кога Бугарија соопшти дека ќе ни подари вакцини против корона, тоа го поздравив и прашав дали Владата има воопшто план? Денес го добивме одговорот декa нема. Имено Премиерката на соседна Србија, Брнабиќ кажува дека и покрај тоа што одлучиле да помогнат со 8 илјади вакцини процесот е закочен зошто вакцината не е регистрирана и има отсуство на план за регистрација. Со други зборови, додека светот оди напред, нашата влада го губи времето, додека народот умира на рати. Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не може да ги применат. Што правеа додека регионот планираше и бараше вакцини? “ – напиша Мицковски

Continue Reading