Економија
Бензинот поскапува, а дизелот поевтинува за половина денар по литар

Published
1 month agoon
By
Media Press
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на последната седница донесе одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.
Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно минатонеделната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство, се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на минатонеделните малопродажни цени и со тоа ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 53,00 денари за литар и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 53,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денар/литар и со тоа зголемување, ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг и сега се продава по 28,837 денари за килограм.
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 62,00 (денари/литар) |
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 63,50 (денари/литар) |
Дизел гориво | ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 53,50 (денари/литар |
Масло за горење | Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) | 53,00 (денари/литар) |
Мазут | М-1 НС | 29,651 (денари/килограм) |
Поврзани содржини
Ново зголемување на цените на нафтените деривати
Од полноќ нови зголемувања во малопродажните цени на горивата
Незначителни промени на цените на горивата кои важат од полноќ
Бензините се намалуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста
Се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати за половина денар
Бензинот намалува за половина, дизелот за 1.5 денари
Економија
УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Published
2 days agoon
January 22, 2021By
Media Press
Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец февруари 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра
При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.
Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на e-ПДД.

Економија
Владата ги објави нето-платите: Зоран Заев зема највисока, Шаќири зема најниска плата

Published
2 days agoon
January 22, 2021By
Media Press
Владата на својата официјална веб страница го објави списокот со платите на владините функционери за месец Декември.
Во списокот има податоци за нето-платата, додатокот за минат труд и вкупната нето-плата, како и информација за стажот на функционерите.
Највисока плата зема премиерот Зоран Заев. Неговата плата изнесува вкупно 87 813 денари, од кои 8 973 се за минат труд. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.
На второ место на листата е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85 113 денари, каде е нагласено дека има покачување на платата од 20%. Спасовски има работен стаж од 18 години.
„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок.“ – стои во соопштението на Владата.


Економија
Државен Завод за статистика: Просечната ноемвриска нето плата била 27.588 денари

Published
3 days agoon
January 21, 2021By
Media Press
Според податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.0.
Ваквото зголемување според ДСЗ се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.2 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %) и Образование (9.5 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.4 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27 588 денари.

Заев:Ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем, Мицкоски: Нели идентитетот беше “бетон”

347 нови случаи на ковид -19 во земјата, вкупниот број на активни случаи се намали на 11 269

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година
