Македонија

Заев: Немаме алтернатива за и до надминување на прашањето со Бугарија, продолжуваме со европеизацијата дома

„Немаме алтернатива за членството во Европската Унија. Како и претседателот Пендаровски така и јас јавно размислувам, јавно зборувам за ставовите на нашата Влада, не ни требаат бајпас решенија, не ни требаат алтернативни решенија за нашето членство во ЕУ“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев на прес-конференцијата на која беше промовиран владиниот реформски пакет „Акција 21 – за европски стандарди дома“.

Премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање за македонско-бугарските односи, нагласи дека Република Северна Македонија заслужува како никој досега да биде членка на Унијата и додаде дека покажавме европско однесување и вредности и дома и во регионот, но и со самата Унија.

„Дома продолжуваме по европскиот пат, европеизацијата на државата нема да застане, дел од овие наши идни активности се и Акција 21, односно десетте приоритети, кои не се поврзани со поглавјата и можеме да почнеме буквално од самиот почеток на годината. Како и дефиницијата која јасно ја определивме, а тоа е, продолжуваат разговорите до изнаоѓање на решение, а се надевам дека првата половина на 2021 година во многу порелаксирани околности и кај двете страни ќе можеме да изнајдеме решенија“, посочи премиерот Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Заев на прес-конференцијата наведе дека Владата останува на одлуката да и понуди на Република Бугарија да го покрива македонското небо и истакна дека бугарскиот народ и бугарското раководство на ова ќе гледаат како чин на градење на пријателство и на зацврстување на меѓусебната доверба.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago