Македонија

Денеска се одбележува 21 декември – Денот на наставата на турски јазик

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Македонија.

„ Почитувани сограѓани Турци, дозволете најсрдечно да ви го честитам Денот на наставата на турски јазик, 21 декември, и да ви посакам добро здравје, среќа, радост и бериќет.

Токму на овој ден во 1944 кога се удираа темелите на македонската држава започна и наставата на турски јазик. Со ова се овозможи образование на мајчин јазик на припадниците на турската заедница, како неопходен елемент во зачувувањето и во негувањето на националниот идентитет, традицијата и на културата. Среќни сме што овој значаен датум е и празник на турската заедница во РС Македонија и со него се гордеат сите наши граѓани“, порача Пендаровски во својта честитка. 

Претседателто Пендаровски честитајќи го празникот, истовремено  посака  во овие кризни времиња предизвикани од пандемијата на Ковид-19, граѓаните да го заштитат своето и здравјето на своите најблиски и да останат сплотени и солидарни. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago