Connect with us

Македонија

Спасовски: За три месеци се запленети над 400 килограми дрога, 84 парчиња огнено оружје и над 4.000 парчиња муниција

Media Press

Published

on

За изминатите 100 дена откриени се вкупно 48 кривични дела, за што кривично се пријавени 51 сторител. Притоа, запленети се 84 парчиња огнено оружје, над 4.000 парчиња муниција и над 14.000 петарди, односно за 20% е зголемена заплената на оружје, 88% на муниција и 816% на пиротехнички средства. Спасовски потсети дека интензивно се работеше и во делот на спречување на илегалната миграција и сузбивањето на криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

„Започнавме со ревносно спроведување на протоколите за заштита од коронавирусот, што резултираше со 70% повеќе санкции за само 3 месеца, за разлика од претходниот период. Или, вкупно околу 60 илјади преземени мерки, што придонесе за нивно подоследно почитување од страна на граѓаните. Како резултат на тоа, кон крајот на трите месеци за 50% се намали и бројката на санкционирани за неносење заштитини маски. Во насока на надминување на последиците и предизвиците од коронавирусот, во изминатиот период МВР поднесе и над 250 кривични пријави за непочитување на изолација и самоизолација и изврши околу 37.000 контроли во угостителски и други објекти“, посочи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во своето излагање, додавајќи дека посветеноста за создавање безбедни средини за граѓаните МВР ја преслика и во сообраќајот.

Тој потсети дека во споменатиот период беа сузбиени и две организирани криминални групи, инволвирани во недозволена трговија со кокаин и марихуана, во кои дејствувале 12 членови,  спречени се три меѓународни транспорти на дрога, при што беа запленети над 50 килограми марихуана и околу 100 килограми хашиш, а откриени се и три лаборатории за одгледување на растенија канабис и производство на хашиш масло.

„Безбедноста на граѓаните бараше и започнување на бескомпромисна борба со криминалот. Од средината на септември воспоставивме оперативна акција, со насочени активности на целото подрачје на државата за сузбивање на недозволената трговија со дрога. Тоа вроди со плод, па во периодот септември – ноември 2020, месечниот просек на откривачката функција го зголемивме за 48%. Запленивме над 400 килограми разновидна наркотична дрога, како и 4.544 таблети и 3,5 килограми синтетичка дрога, откривме 233 кривични дела, а мерки на кривичен прогон се преземени против 276 сторители“, истакна министерот Спасовски.

Македонија

Заев:Ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем

Media Press

Published

on

„Ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем и таа останува во записниците од Заедничката мултидисциплинарна експертска историска комисија помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„Мене ми е драго што и вчера претседателот на Комисијата потврди тоа што и на нас како Влада ни го има соопштено, пред се, преку министерот за надворешни работи Бујар Османи, а тоа е дека ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем. Таму како се дискутира од страна на нашите историчари и на бугарските историчари така ќе стои и во записниците. Тоа го потврди и самиот претседател на Комисијата. Тоа е идентитетска придавка и нашиот идентитет не е спорен, и никој пат нема да дозволиме кој било да го спори“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека Владата работи во интерес на Бугарија и нагласи дека нема повеличествени и поимперативни интереси освен македонските интереси.

По вчерашната изјава во медиумите на претседателот на Историската комисија Ѓоргиев, во однос на употребата на придавката што е договорено со бугарските историчари, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со коментар:

„Нели идентитетот беше “бетон” и “не се преговара за идентитетските прашања” со источниот сосед? За ова ли се менуваше член на историската комисија? Нели придавката “македонски” била испишана со златни букви, како сега токму тоа исчезна од записниците на комисиите?Владата на јавноста ѝ должи одговори. Колку подолго Заев е премиер, толку повеќе Македонија ќе губи. Иднината ќе биде наша и ние заедно со народот за нејзе ќе се избориме!“ објави Мицкоски на својот профил.

Continue Reading

Македонија

347 нови случаи на ковид -19 во земјата, вкупниот број на активни случаи се намали на 11 269

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 179 -Куманово 24 -Тетово 14 -Прилеп 5 -Гостивар 8 -Штип 13 -Битола 1 -Велес 11 -Охрид 18 -Струмица 7 -Кавадарци 13 -Струга 4 -Кочани 8 -Кичево 4 -Свети Николе 2 -Гевгелија 1 -Дебар 4 -Ресен 1 -Крива Паланка 3 -Берово 4 -Делчево 10 -Пробиштип 5 -Виница 1 -Богданци 3 -Крушево 1 -Демир Капија 2 -Пехчево 1.

Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.). Еден е починат вон, останатите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 378 оздравени пациенти од: -Скопје 270 -Куманово 13-Тетово 11-Прилеп 15 -Гостивар 4 -Штип 5 -Битола 3 -Велес 6 -Струмица 9 -Кавадарци 8 -Струга 1 -Кочани 4 -Кичево 5 -Свети Николе 2 -Гевгелија 2 -Неготино 4 -Ресен 3 -Крива Паланка 4 -Радовиш 3 -Берово 2 -Богданци 1 -Кратово 1 -Крушево 1 -Пехчево 1.

Досега во земјата се направени вкупно 441.134 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, бројката на оздравени пациенти е 76423, на починати е 2779, а бројот на активни случаи изнесува 11269.

Continue Reading

Македонија

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Media Press

Published

on

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против КОВИД-19.

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт – вакцината против КОВИД-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот – појасни Филипче.

Не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.“ – кажа министерот за здравство Венко Филипче

Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи, документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот – изјави министерот.

Continue Reading