Конче
Масовни протести на тутунарите од Општина Конче, незадоволни од откупот на тутун го блокираа регионалниот пат Радовиш – Конче

Published
1 month agoon
By
Media PressТутунарите од Општина Конче денеска масовно излегоа на организирани протести поради незадоволство од откупот на тутунот, посебно од неговата проценка. Со блокирање на регионалниот пат Радовиш – Конче, на раскрсница кај Лакавица, тие го изразија својот револт од непочитувањето на договорот од петокот, од страна на откупните претпријатија. Организатор на протестите беше Иницијативниот одбор на македонски тутунари од Општина Конче.

Тутуноптоизводителите велат дека нема да го продаваат тутунот по цена за една кутија цигари и бараат да не бидат ограничувани во килажа. Тие имаат две барања, реална проценка на класите и откупување на целото количество тутун.
Денешниот штрајк на тутунопроизводителите доби логистичка поддршка и од бизнис секторот, кој индиректно е засегнат од откупот на тутунот.
Маката на тутунарите, инспирација и за пишување поезија, во која се вели дека треба да се изигра македонското тешко оро, до крај.
За утре повторно е закажан масовен штрајк на тутунарите од Општина Конче со почеток во 7 часот со што повторно ќе се блокира регионалниот пат Радовиш- Конче

Поврзани содржини
Општина Конче ќе го реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација во с.Конче
Бучим и Боров Дол со донации за првата детска градинка во Конче која е најсовремено опремена
Граѓански здруженија од Турција донираа столици за потребите на Домот на културата во Конче
Преку проект за локална и регионална конкурентност, подобрена е понудата за рурален туризам во Општина Конче
Успешно започна новата учебна година во ООУ „Гоце Делчев“ во Конче, со настава со физичко присуство и онлајн настава
Општина Конче ќе го уредува коритото на Дединска река, со што ќе се намали ризикот од поплави
Конче
Градоначалникот на Општина Конче со честитка до граѓаните по повод Новогодишните и Божиќни празници

Published
3 weeks agoon
December 31, 2020By
Media Press
Среќни Новогодишни и Божиќни празници им посакува на сите граѓани градоначалникот на Општна Конче Благој Илиев.
Во новата година ви посакуваме здравје, успех и многу убави моменти поминати во природа, исполнети со мир, спокој и благосостојба. Среќни Новогодишни и Божиќни празници, од Општина Конче – Мала, едноставна и бесконечно убава“, стои во честитката од градоначалникот Илиев.
Конче
Општина Конче ќе го реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација во с.Конче

Published
3 weeks agoon
December 28, 2020By
Media Press
Од средствата кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип а се пренаменети во инфраструктурни проекти за општините, за проектот „Фекална канализација за дел од с. Конче во Општина Конче со одобрени 18.141.175,15 денари (295.000 €) согласно поднесеното барање и проектната документација.
„Овој проект опфаќа канализациски крак во должина од 3150 метри со кој ќе се реши долгодошниот проблем со фекалните канализации во с.Конче и ќе бидат опфатени сите домаќинства кои до сега немале можности да се приклучат на канализациската мрежа. Овој проект беше една од приоритетните проекти во нашата програма и сме горди што ќе ја реализираме во тековната година“, вели градоначалникот на Општина Конче, Благој Илиев.
Конче
Бучим и Боров Дол со донации за првата детска градинка во Конче која е најсовремено опремена

Published
2 months agoon
November 27, 2020By
Media Press
Рудникот Бучим донираше 5 Инвертер клима уреди за потребите на детска градинка „12ти Јули“ во Конче во вредност од 3500 евра. Минатата година рудникот Бучим донираше финансиски средства во висина од 5000 евра, со кои целосно се уреди и огради дворот на градинката.
Заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов заедно со градоначалникот Благој Илиев, ја посетија градинката со цел да видат како фунционира истата. Ова е прва градинка во Општина Конче која е опремена согласно стандардите со сите потребни услови, за што градоначалникот Илиев е посебно горд.

Капацитетот на градинката е 46 дечиња, а се запишани 20 дечиња, поради ситуацијата со корона кризата во моментот ја посетуваат десетина дечиња.
Во знак на благодарност за донациите на заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов, му беше дадена благодарница од градинката и цртеж направен со детски рачиња. Тој го изрази задоволството од подарокот и од пријатниот и топол амбиент кој го нуди градинката.

Рудникот Боров Дол донираше 5.700 евра со кои ќе се постави систем за греење на пелети и во студените зимски денови ќе се обезбедат потопли простории за престојот на децата во детската градинка во Конче.

Бектеши: Продолжуваме со мерки за поддршка на индустријата, занаетчиството, туризмот и енергетска ефикасност кај домаќинствата

Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш
